Чумата
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
„Чумата“ (француски: La Peste) — филозофски роман на францускиот писател Албер Ками, првобитно објавен во 1947 од издавачката куќа „Галимар“ од Париз. Дејството се одвива во алжирскиот град Оран, а низ романот се полемизира за судбината и суштината на човековото постоење. Ликови во романот се лекари, туристи, и бегалци, и преку нив се осознава како чумата дејствува врз населението. Се претпостававува дека романот е инспириран од епидемијата на колера која убила голем дел од жителите на Оран во 1849, кога Алжир бил француска колонија.[1] Според статистиката, Оран имал многу епидемии од чума, но најстрашни биле оние од 1556 and 1678, додека подоцнежните од 20. век немале многу жртви, барем не толку за колку што станува збор во романот.
Remove ads
Содржина
Осврт кон делото
„Чумата“ се смета за класик на егзистенцијализмот, иако Ками не се согласил со тој епитет.[2][3] Стилот на раскажување потсетува на Франц Кафка, особено на романот „Процес“, во кој поединечните постапки имаат повеќе значења, а материјалното може да се толкува како алегорија за духовното и човековото постоење. Чумата некои ја толкуваат како метафора за францускиот отпор при нацистичката окупација за време на Втората светска војна. Освен тоа, Ками ја доловува и човековата реакција кон „апсурдот“.[4] Романот покажува како светот се справува со филозофското поимање на апсурдното, теорија за која Ками помогнал да се воспостави.
Во романот „Чума“ Ками ја слика апсурдната состојба во модерниот свет и прави обид да се спротивстави на неговото распаѓање. Чумата што пустоши низ градот е само голема метафора за болеста на векот што се шири како незапирлива стихија. Кога се чини залуден секој напор за спас, лекарот Рие го прави она што му преостанува на човека, со кое човекот би престанал да биде човек. Со својата борба, тој ја потврдува својата човечка вредност и во човечноста ја наоѓа смислата на своето постоење.[5]
Remove ads
Изданија на македонски јазик
Во 1970 година, романот бил објавен од издавачката куќа „Македонска книга“, во рамките на библиотеката „Атлас“. Книгата е со обем од 280 страници, не е каталогизирана и ја нема меѓународната ознака ISBN. Преводот на македонски јазик го извршила Вера Христова, јазичната редакција е дело на Лидија Ежова, нацртот на корицата го направил Коста Бојаџиевски, а коректор била Љупка Лазарова. Книгата била испечатена во август 1970 година, во НИП „Нова Македонија“, во тираж од 10 000 примероци.[6]
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads