Шалвари

From Wikipedia, the free encyclopedia

Шалвари
Remove ads

Шалвари[1][2] — широки, лесни панталони кои, чие користење под влијание на Отоманското Царство, се проширило во балканските земји каде што османлиското влијание било доминантно. Ги носеле и мажи и жени, иако најчесто се класифицирани како делови од женски народни носии. Шалварите потекнуваат од античка Персија, потоа стигнале до балканската територија преку Јужна Азија и бројни земји на Отоманското Царство. Димиите се вид шалвари.

Thumb
Фанерли Христиќ во шалвари на платно од Влахо Буковац од 1921 година.
Remove ads

Изглед

Thumb
Шалвари

Шалварите биле со едноставен крој без џебови, широки во струкот, додека околу глуждовите биле целосно стеснети. Постоеле многу варијации во изгледот на шалварите, така што некаде биле целосно рамен крој, а можело да бидат украсени со реси на дното. Биле правени од бела, црна или темносина ткаенина, украсени со везови со црвен гајтан, додека кај муслиманите гајтаните биле зелени.[3] Тие биле задолжителен дел од женските народни носии, обично биле превиткувани во брчки, а имало и такви за свечени пригоди украсени со ширити и златовезни гајатани.[4]

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads