Шарл Перо

From Wikipedia, the free encyclopedia

Шарл Перо
Remove ads

Шарл Перо (француски: Charles Perrault; 12 јануари 1628 16 мај 1703 ) — француски книжевник, зачетник на современата европска бајка. Тој бил писател, собирач на народно творештво и член на Француската академија од 1671 година.[1] Адвокат по професија, покажувал жив интерес за литературата во своето време, заедно со неговите браќа Пјер и Клод. Тој живеел во времето на класицизмот.

Кратки факти Шарл Перо, Роден/а ...
Remove ads

Живот

Шарл Перо се родил во богато буржоаско семејство, како син на Пјер Перо, адвокат по професија, со потекло од Тур, кој бил ангажиран како парламентарец во Париз и Пакет Ле Клерк. Тој бил последното од седумте деца на семејството.

Во 1636 се запишал да учи книжевности во училиштето Бове во Париз за што зборува во неговите Мемоари.[2] Но поради расправија го напуштил училиштето, самостојно се образувал и читал а во 1651 дипломирал на право на Универзитетот во Орлеан.

Шарл Перо имал плодна професионална кариера. Како десна рака на министерот Колбер, бил задолжен за уметничката и книжевна политика на Луј 14 во 1663 кога кралот подарил 660 книги за воспоставување на Академската библиотека каде за главен библиотекар бил назначен токму Перо[3]. Тој дал придонес во основањето на Академијата на науките на Франција а бил вклучен и во реконституирањто на Академијата на уметностите. Станал член на Француската академија во 1671.

Кога се повлекол од јавната служба каде работел дваесет години Перо им се посветил на приказните и на воспитувањето на децата[4]. Објавил неколку дела со кои денес се смета за еден од првите писатели за деца и за основоположник на модерната европска бајка.

Тој починал во Париз во 1702 година.

Remove ads

Дело

Со своите демократски уверувања, Шарл Перо се судрил со класицистичката естетска доктрина на Никола Боало. Во тоа време во книжевноста владееле античките мотиви, т.н. висока уметност, правилен класицистички стих. Перо бил против аристократскиот класицизам, бидејќи бил за воведување теми од современиот живот а воедно во кавгата во рамки на Академијата, застанал на страна на модернистите Тргнувајќи од народната инспирација, но и надградувајќи го фолклорот со својот творечки дух, Перо на најдобар можен начин покажал колку се незаобиколни искуствата на народната традиција доколку се користат за создавање на оригинални книжевни дела.Бајките на Шарл Перо се општоприфатени како од децата, така и од возрасните, бидејќи исполнуваат неколку едноставни услови: напишани се едноставно, со убав јазик, со возбудлива содржина и со нескриена морална поука. Тоа по што се најзначајни бајките на Перо е дека оставиле длабоки траги во сето натамошно творештво за деца. Нивното влијание се чувствува и во книжевната работа на браќата Грим, на Андерсен, Пушкин и други.

Во 1696 година, без потпис ја објавил својата прва сказна со наслов „Заспаната убавица“. Во 1697 година ја објавил својата прва книга под наслов „Приказни и сказни од стари времиња со поуки“. Делото е познато и под насловот Приказните на мајката гуска. Покрај „Заспаната убавица“, во книгата се објавени уште седум бајки: „Црвенкапа“, „Мачорот во чизми“, „Пепелашка“ и други[5].

Приказните на мајката гуска

Thumb
Сказните на Шарл Перо, илустрација Гистав Доре во 1867

Три години пред крајот на XVII век, Шарл Перо, тогаш на возраст од 69 години и противник на Лафонтен, Никола Боало, Ла Бријер во кавгата на Старите и Современите во рамките на Академијата, за првпат ја објавил својата прва збирка[6] сказни под името на неговиот трет син Пјер Дарманкур[7]. Ова прво издание опфаќа 8 приказни во проза, на која се додаваат една новела и две сказни во стих кои излегле подоцна.

Во изданието од 1781, « првото комплетно издание»[8] биле додадени сказните:

  • Маркизата де Салис или Трпението на Гризелда (1691)
  • Смешни желби (1693)
  • Магарешка кожа (1694)

Изданија на македонски јазик

  • „Сказни од Шарл Перо“, Детска радост, Скопје, (1990), превод: Велика Ширилова;
  • „Црвенкапа“ (сликовница), Просветно дело, Скопје (2000).
Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads