Шасија
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Шасија[1] или рамка[2] — долниот дел на моторно возило на кој се прицврстени сите делови на возилото. Шасијата е основната потпора на моторното возило главно изработена од челичен материјал. Секое возило мора да има своја структурна основа што служи за носење и обединување на сите други склопови или делови. Таа конструктивна основа ја сочинуваат долниот дел што се нарекува шасија и горниот дел, односно каросеријата.[3] Меѓутоа, денес има такви каросерии што служат и како шасија и како каросерија, тоа се самоносечките каросерии.[4][5]

Дизајнот и конструкцијата на шасијата играат клучна улога во одредувањето на главните одлики, управувањето и безбедноста на возилото.
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads