Швиловзе
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Швиловзе (германски: Schwielowsee) — општина во округот Потсдам-Мителмарк, во Бранденбург, Германија. Се наоѓа на бреговите на Швиловското Езеро, низ кое тече реката Хафел. Општината била основана на 31 декември 2002 со спојување на три претходни општини Капут, Гелтов и Ферх. Фериботот Капут, кој поминува низ Хафел, ги поврзува Капут и Гелтов. На источните брегови на езерото се наоѓа градот Потсдам, додека на неговите западни брегови е градот Вердер (Хафел).

Remove ads
Историја
Гелтов (заедно со Потсдам) бил првпат споменат како словенска населба Гелити во декрет од 993 на царот Отон Трети, кој го поклонил на неговата тетка, опатињата Матилда од Кведлинбург. Речниот премин во Хафел имал големо значење уште од древни времиња. Денес тука поминува сојузниот автопат Б1 преку мостот Baumgartenbrücke.
- Привремен мост од 1950 до 1985
- Денешниот мост, од 1989
Знаменитости
Капут

Капут добил железничка станица во 1904. Од почетокот на 20 век служел како подалечна станбена област за богатите урбани луѓе.
- Замокот Капут, изграден во 1662 од Филип де Кјезе, интендант на изборниот кнез Фридрих Вилхелм. Во 1671, Фридрих Вилхелм ѝ го доделил замокот на неговата втора ќерка Доротеја од Шлезвиг-Холштајн-Зондербург-Гликсбург. Позната е неговата сала со плочки (Fliesensaal) од 1720 во која има околу 7.500 парчиња од делфтски плочки, наместени по наредба на кралот Фридрих Вилхелм. Паркот бил проектиран од Петер Јозеф Лене во 1820.
- Селската црква во Капут е дело на Фридрих Август Штилер. Изградена во форма на базилика била осветена во 1852 во присуство на кралот Фридрих Вилхелм IV.
- Летната куќа на Алберт Ајнштајн во Капут, изградена во 1929 од архитектот Конрад Ваксман. Ајнштајн, иако бил непливач, имал страст кон рекреациско едрење на езерото, но куќата можел да ја користи до преземањето од страна на нацистите во 1933. По повторното обединување на Германија и враќањето на семејството Ајнштајн, куќата сега е во сопственост на Еврејскиот универзитет во Ерусалим.
Гелтов
Низ Гелтов отсекогаш поминувале многубројни странци. Како и Капут, и тој добил железничка станица во 1904. Селската црква била изградена според плановите на несреќниот цар Фридрих III по шаблон на црквата во Терлан во Тирол, со керамички покрив и кула надвор од наосот на црквата. Била осветена во 1887. Последната посета на Фридрих била на 6 јуни 1888 и била опишана од Теодор Фонтане во неговата поема Kaiser Friedrich III. Letzte Fahrt.
Капут и Гелтов се поврзани со еден од најпрометните фериботи на реката Хафел и со железничка линија преку посебен мост.

Ферх
Рибарското село Ферх на југозападната страна на Швиловското Езеро го негува својот рурален карактер од крајот на 20 век. Исто така, во селото се има доселено колонија на сликари.
- Селската црква во Ферх била изградена во 1635.
- Ферх
- Рибарска црква
- Кула
- Поранешна училишна зграда
- Замок
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads