Швина

река во северна Полска From Wikipedia, the free encyclopedia

Швинаmap
Remove ads

Швина (полски: Świna, германски: Swine; поморски: Swina) — кратка река во северозападна Полска, 2-4 км од германската граница. Се влева во Шчеќинскиот Залив на Балтичкото Море помеѓу островите Узнам (Узедом) и Волин. Реката е ракав во устието на Одра и одлева околу 75 % од неа (преостанатите 15 % отпаѓаат на Пенештром, а 10 % на Ѓивна). Долга е околу 16 км. На рекат е сместен градот Швиноујшќе.

Кратки факти Швина Świna, Местоположба ...

Помеѓу 1874 и 1880 г. реката е заградена и продлабочена, создавајќи го Пјастовскиот Канал (Kaiserfahrt).[1] Каналот го поврзува северниот дел на Швина непосредно со Шчеќинскиот Залив и пристанишниот град Шчеќин (Штетин). Со ова реката добила на важност како воден пат од морето до индустриски град. По Втората светска војна е извршено етничко чистење и подрачјето ѝ е предадено на Полска.

Remove ads

Наводи

Поврзано

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads