Шеклтонова Ледена Плоча
ледена плоча на Антарктикот From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Шеклтонова Ледена Плоча (англиски: Shackleton Ice Shelf) — голема ледена плоча на брегот на Источниот Антарктик од 95° ИГД до 105° ИГД. Се протега во брегова линија од 384 км, издавајќи кон морето 145 км во западниот дел и 64 км во источниот. Зафаќа површина од 33.820 км2. Лежи на Мосоновото Море и го двои Брегот на Кралицата Марија на запад од Ноксовиот Брег во Вилксовата Земја на исток.

Remove ads
Откривање и именување
Плочата е откриена од американската експедиција на Чарлс Вилкс, кој искартирал еден негов дел од бродот „Венсен“ во февруари 1840 г. Истражен е од Австралиската антарктичка експедиција под водство на Даглас Мосон (1911–14) кој го нарекол по британскиот истражувач Ернест Шеклтон. Целата плоча е поподробно искартиран во 1955 г. користејќи воздушни снимки направени од американската морнарица во 1946–47 г. Во 1956 г. Советската експедиција извршила понатамошното картирање, каде се покажало дека делот источно од Скотовиот Ледник е дел од самата плоча.
Remove ads
Место од орнитолошка важност
500 ха од плочата се прогласени за место од орнитолошка важност од страна на BirdLife International бидејќи таму живее колонија од 6.500 царски пингвини, чија бројност е утврдена на сателитска снимка од 2009 г.[1]
Поврзано
- Список на ледени плочи на Антарктикот
- Чугунов (остров)
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads