Шеленберг
општина во Лихтенштајн From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Шеленберг (германски: Schellenberg) — општина во низинската областа на Лихтенштајн, на бреговите на реката Рајна.
Remove ads
Историја
Рана историја
Областа најпрвин била населена од Келтите, потоа од Рецијанците. Римското Царство ја освоила областа во 15 п.н.е. и ја припоила кон покраината Реција. Подоцна, покраината станала грофовија под водство на Карло Велики. Грофовијата било неколкупати делено помеѓу наследниците.
Грофовијата Шеленберг било купено од грофовите на Вадуц во 1437 година и оттогаш двете држави биле соединети. По Швапската војна во 1499 година, обете потпаднале под австриска власт. Различни династии ги купувале и продавале, додека кон почетокот на XVIII век не биле купени од лихтенштајнската династија, која добила принцевски статус во 1706 година, но која побарувала територија со царска непосредност со цел да може да гласа во Собранието на принцовите во Империјата. Царот службено ги споил Вадуц и Шеленберг во 1719 година како Кнежевство Лихтенштајн.
Втора светска војна
Во општината се наоѓа споменик во пограничниот град Хинтершеленберг, во чест на засолништето на руските војници.[2] Кон крајот на Втората светска војна, Лихтенштајн им дала азил на околу петстотина војници на Дивизијата Русија, руски сили во рамките на германскиот Вермахт. Ово дело не била мала работа за држава која била сиромашна и имала тешкотии со прехранување и гриѓа за толкава група бегалци. На крајот, Аргентина се согласила да им даде постојан азил на барателите. Спротивно, Британците ги депортирале Русите кои се бореле на германската странда на СССР.
Remove ads
Сообраќај
Во Шеленберг постои мал патен граничен премин до Австрија, на кој се наоѓаат австриски и швајцарски погранични полицајци.
Поврзано
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads