Шенефелд
општина во Германија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Шенефелд (германски: Schönefeld) — општина во округот Даме-Шпревалд, во Бранденбург, Германија. Се граничи со југоисточните окрузи на Берлин. На нејзина територија се наоѓа поранешниот меѓународен аеродром Берлин-Шенефелд.
Remove ads
Географија
Се наоѓа на околу 22 километри југоисточно од Берлин, веднаш до еден од двата берлински аеродрома, Берлин-Шенефелд (SXF), кој беше заменет од новиот аеродром Берлин-Бранденбург (BER). Новиот аеродром се наоѓа во Шенефелд, веднаш до поранешниот аеродром.
Општински единици
Општината Шенефелд е составена од шест населени места, поранешни општини пред да бидат припоени во 2003:
- Шенефелд
- Гросцитен
- Зелхов
- Кикебуш
- Валтерсдорф
- Васмансдорф
Населбата Кинберг, дел од Валтерсдорф, била целосно раселена поради проширувањето на аеродромот Берлин-Бранденбург и сега се развива како комерцијална зона.
Remove ads
Историја
Првото зачувано спомнување на Шенефелд на територијата Мителмарк потекнува од 1242. Сконенфелде, потоа посед на грофовите од Зелхоф, е документиран во 1375 во земјишната книга на императорот Карло IV, кога владеел како маркгроф на Бранденбург. Селската црква, повторно изградена во 1904/05 според плановите на Франц Хајнрих Швехтен, вклучува голем барокен олтар. Валтерсдорф и Васмансдорф исто така имаат свои селски цркви кои потекнуваат од првата половина на 13 век.
Од 1933 постои авионската компанија Хеншел и поседува три писти веднаш до селото. Повеќе од 14.000 воздухоплови биле направени во фабриката до 1945, кога објектите биле заземени од Црвената армија. Во гробиштата Гросцитен има споменик на 200 воени заробеници и присилни работници кои умреле во текот на Втората светска војна. Советските воздухопловни сили ги користеле пистите од 1946, а една година подоцна било наредено отпочнување на цивилни летови за снабдување на Источен Берлин.
Пред повторното обединување на Германија, Шенефелед се граничел со окрузите на поранешниот Западен Берлин (денешните Нојкелн и Темпелхоф-Шенеберг[2]), а од 1961 до 1990 бил одделен со Берлинскиот ѕид.[3][4]
Remove ads
Сообраќај
- Аеродром Берлин-Шенефелд, се очекува да биде заменет од новиот аеродром Берлин-Бранденбург
- Железничката станица Берлин Шенефелд отворена во 1951 на берлинската обиколница
- Уште една железничка станица го опслужува новиот аеродромски терминал и станица за С-Железницата во Васмансдорф
- Излезот Шенефлед
Економија
Аеродромскиот центар, индустриска област во Валтерсдорф и аеродромот се важни извори на приход за Шенефелд.

Седиштето на Private Wings се наоѓа на самиот аеродром.[5][6][7] Пред нејзиното распуштање, источногерманската авионска компанија Interflug го имала своето седиште на аеродромот.[8] Bremenfly исто така го своето седиште во Шенефелд.[9]
Познати луѓе
- Роземари Клаузен — театарски фотограф
Поврзано
Наводи
Извори
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads