Шенон (единица)

From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

шенон (симбол: Sh), попознат како битединица за информација и за ентропија дефинирана со IEC 80000-13. Еден шенон е информација содржана во настан чија веројатност за појава е 12.[1] Исто така тој е ентропијата на систем со две еднакво веројатни состојби. Доколку пораката е составена од секвенца од даден број битови, така што сите битски стрингови се еднакво веројатни, информацијата содржана во пораката изразена во шенони е еднаква на бројот на битови во секвенцата.[2] Заради ова и историски причини, шенонот е попознат како бит. Воведувањето на (јули 2017) на поимот „шенон“ дава експлицитна дистинкција меѓу количината информација која е изразена и количината податоци што можат да се употребат за да изрази информацијата. IEEE Std 260.1-2004 сè уште ја дефинира единицата со ова значење како бит, без спомнување на шенонот.

Шенонот може да се претвори во други информациски единици согласно со

1 Sh = 1 bit ≈ 0,693 нат ≈ 0,301 Харт.

Шенонот го добил името според Клод Шенон, основачот на теоријата на информациите.

Remove ads

Поврзано

  • бан

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads