Шест степени одвоеност
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Шест степени одвоеност — теорија според која сите и сè е на шест или помалку чекори од кого било во светот, така што користејќи ја врската на „пријател на пријателот“ може да се поврзат кои било двајца луѓе во најмногу шест чекори. Оваа теорија првобитно е поставена од Каринти Фридеш во 1929 година, а станала популарна поради истоимената драма од 1990 година, напишана од Џон Гвер.

Remove ads
Првобитниот концепт
Во 1929 година, унгарскиот писател Каринти Фридеш објавил куси раскази насловени „Сè е различно“, меѓу кои еден расказ носел наслов „Ланци на поврзување“. Поради технолошкиот напредок на полето на комуникација и патување, пријателствата може да растат и да опфатат големи далечини. Каринти верувал дека и покрај големите физички растојанија меѓу двајца на планетава, густината на човечката мрежа ја прави далечината помала.
Како резултат на оваа претпоставка, ликовите на Каринти веруваат дека кои било две личности може да се поврзат преку најмногу пет познаници. Во расказот неговите ликови создаваат игра:
Од овој разговор произлезе игра. Еден од нас предложи да направиме експеримент за да докажеме дека луѓето на Земјата се поблиску едни до други сега, отколку кога било претходно. Треба да одбереме некого од 1,5 милијарди жители на Земјата - кого било, од каде било. Тој се обложи со нас дека користејќи не повеќе од петмина други, од кои еден му е личен познаник, тој ќе го поврзе одбраниот поединец користејќи ништо друго освен мрежата на пријатели.[1]
Каринти се смета за создавач на мислењето за шест степени одвоеност.[2]
Мал свет
Австрискиот математичар Манфред Кочен, дал практични резултати во ракописот Контакти и влијанија,[3] заклучувајќи дека во свет со големина на САД, „практично е извесно дека кои било две личности можат да исконтактираат меѓу себе преку најмногу двајца посредници. А веројатно е дека кога станува збор за сите жители на планетава, потребен ќе е барем уште еден посредник.“ Со симулација изведена на компјутер во 1973 година, покажано е дека меѓу жителите на САД постои три степени одвоеност.
Во 2003 година, Универзитетот Колумбија спровел сличен експеримент меѓу корисниците на електронска пошта на интернет, наречен „Проект Мал свет на Колумбија“ (Columbia Small World Project), во кој биле вклучени 24.163 корисници на електронска пошта, од 13 различни земји во светот.[4] Само околу 384 (0,4%) ја постигнале целта, а меѓу поуспешните дошле до целта после 7, 8, 9 или 10 чекори. Учесниците, сите волонтери, биле половина од Северна Америка, припадници на средната класа, високообразовани, христијани. Поврзувањата преку професија биле посилни од семејните или пријателските.
Remove ads
Истражувања
Фразата „шест степени одвоеност“ често е синоним на идејата за „светот е мал“.[5]
Но, противниците на оваа теорија[6] сметаат дека „шест степени“ е само „академски урбан мит“.[7][8] Се споменуваат изолираните човечки заедници, како на пример племето Корубо и други домородни заедници во Бразил,[9] кои ја поништуваат оваа хипотеза.
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads