Шибеник

град во Хрватска From Wikipedia, the free encyclopedia

Шибеник
Remove ads

Шибеник — (хрватски: Šibenik) историски град во Хрватска, во Средна Далмација, каде реката Крка се влева во Јадранско Море. Тој е политички, економски, транспортен и образовен центар на Шибеничко-книнска жупанија.

Кратки факти Шибеник, Држава ...
Remove ads

Историја

По Втората светска војна, Шибеник беше окупиран од Кралството Италија до 12 јуни 1921. После Договорот во Рапало, Италијанците го предадоа градот на Кралство на Србите, Хрватите и Словенците. Во текот на Втората светска војна, градот беше окупиран од фашистичка Италија и нацистичка Германија. Комунистичките партизани влегоа во Шибеник на 3 ноември 1944.

Во текот на борбата за независност (1991-1995), градот беше тешко нападнат од ЈНА и српските паравоени сили. Иако невооружени, новонастанатата хрватска армија и граѓаните на Шибеник добро го бранеа градот. Битката траеше 6 дена, често нарекувана Септемвриска битка. Бомбардирањето оштети многу згради и споменици, вклучувајќи ја катедралата Св. Јован и театарот од 1870 г.

Во августовската воена операција во 1995 г., хрватската армија ги победи српските сили и ги ослободи окупираните подрачја, што помогна регионот да се опорави од војната и да продолжи да се развива како голем центар. Оттогаш, оштетените подрачја на градот се обновуваа за да градот го добие стариот лик.

Remove ads

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads