Шивлица (Велмеј)
археолошко наоѓалиште во Македонија From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Шивлица — археолошко наоѓалиште во охридското село Велмеј, Општина Дебрца. Претставува црква од раниот среден век.
На околу 100 м северозападно од селото, северно од наоѓалиштето Попов Дол, над горниот меѓуселски пат Велмеј-Горно Средоречие има пошумена ридеста падина на која се наоѓаат остатоци од урната црква. Се забележуваат купишта од градежен материјал, со правец на протегање север-југ (отстапување североисток-југозапад), а со вкупни димензии од 20 × 6 м. Апсидната ознака се наоѓа во источниот дел од јужната половина на урнатината. Ова најверојатно е во врска со населбата и гробиштата од Попов Дол и Калуѓерица.[1]
Remove ads
Поврзано
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads