Широк Сокак
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Широк Сокак (познат и како „Битолско Корзо“) — најпрометна и најпозната улица во центарот на Битола, со бројни дуќани и локали. Денес е строго пешачка улица, а некогаш по неа се движеле и автомобили. На Широк Сокак се наоѓаат најголемите продавници, ресторани, театарот со опера, галерии и многу кафулиња и клубови. Тука се сретнуваат најстарите архитектонски дела и градби на Балканот, коишто го красат градот уште од турско време. Типично турски куќи, покрај прекрасните вили, не се реткост во овој дел на градот. А на самиот крај на Широк Сокак се наоѓа спортската сала Младост и се влегува во простран цветен парк полн со дрвореди, којшто води до стадионот Тумбе Кафе, зоолошката градина и античкото наоѓалиште Хераклеја Линкестис.
Во 1904 г. пионерите во киното браќата Милтон и Јанаки Манаки купиле парцела на Широк Сокак, каде што во 1905 г. го наместиле фотографското ателје.[1]
Remove ads
Име
Официјалното име во времето на Османлиското Царство било „Султание“ или „Хамидие“. Со потпаѓањето на градот под Србија во текот на Меѓусојузната војна во 1913 година, името на улицата е променето во „Крал Петар“[2], а потоа во времето на комунизмот во Југославија, улицата била наречена „Маршал Тито“.
Наводи
Галерија
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads