Шоен

From Wikipedia, the free encyclopedia

Шоен
Remove ads

Шоен (јапонски: 荘園 / 庄園, Shōen, „имот“, „земјиште“) — приватно провинциско земјовладение на дворските аристократи, будистичките манастири и шинтоистичките светилишта во Јапонија од VIII до XVI век.[1]

Thumb
Карта на шоен од периодот нара од VIII век во Нукута-дера, Јаматокоријама, префектура Нара. Се чува во Националниот музеј на јапонската историја.

Создавањето на шоените потекнува од 743 г., кога императорската влада го донела Законот за доживотна приватизација на целини и дозволила постоење на приватно земјопоседништво, кое дотогаш било забрането со указите за национализација на земјата. Законот придонел за развојот на државната економија, но истовремено ѝ овозможил на дворската аристократија и големите верски установи да стекнат извор на приходи што не зависел право од државата. Шоените, создадени со обработка на целини, биле наречени „саморазвиени“ (јап. 自墾地系荘園).

До крајот на периодот хеиан, речиси целата јапонска земја станала шоен и продолжила да биде низ Онинската војна сѐ до периодот сенгоку.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads