Шоџо
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Шоџо (јапонски: 少女 = „девојка“) — аниме и манга, наменети за посебна целна публика — девојки на возраст од 12 до 18 години.[1] Во центарот на заплетот, по правило, има девојче или девојка и прашањето за нејзиниот развој како личност, често се присутни љубовни врски со различен степен на блискост, многу внимание се посветува на развојот на образот на ликот, машките ликови се многу убави, благородни, смели и несебични („бишонен“).[2] Карактеристична црта на визуелниот опсег на шоџото е често големата условност на цртежот — или гротескно-хумористична или истанчано-романтична.

Обожавателите на аниме и манга понекогаш го определуваат „шоџото“ како секое дело што има конкретни особини на шоџо-дело, како романтично аниме или оние што прикажуваат женски ликови во центарот на заплетот (како во сеинен-серијата Azumanga Daioh).[3] Истражувачот Мет Торн ја расправа оваа тема во својата статија „Што се и не се шоџо-манги“ (англ. What Shōjo Manga Are and Are Not), каде што појаснува дека вистинските шоџо-манги се оние објавени во списанијата за шоџо, како што ги определуваат самите издавачи.[4]
Remove ads
Етимологија
Јапонскиот израз „шоџо“ се преведува како „дева“, „девица“ или „девојка“. Позајмен е од кинескиот јазик во VII век, потекнува од изразот шао ну (кин. 少女), кој го има истото значење.[5] На кинески, тоа се однесува на жени на возраст од 17 до 29 години, додека на јапонски, првенствено означува девојчиња помеѓу 7 и 18 години.[6] Службено, „шоџото“ сега ги опфаќа сите млади жени под 20 години.[7] Во секојдневниот јазик, тој се однесува на различни гледишта од животот на девојчињата на училишна возраст, вклучително и шоџо-манга, шоџо-култура, шоџо-романи, шоџо-мода итн.[8][9]
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads