Штансдорф

From Wikipedia, the free encyclopedia

Штансдорфmap
Remove ads

Штансдорф (германски: Stahnsdorf) — општина во округот Потсдам-Мителмарк, во Бранденбург, Германија.

Кратки факти Земја, Местоположба на Штансдорф во рамките на округот Потсдам-Мителмарк ...
Remove ads

Географија

Се наоѓа 20 километри југозападно од Берлин и 12 километри источно од Потсдам.

Општински единици

  • Гитерфелде
  • Шенкенхорст
  • Шпутендорф
  • Штансдорф

Историја

Штансдорф бил првпат документиран во 1264 и првично се состоел единствено од неговиот стар дел на поранешниот важен трговски пат од Саксонија преку Гитерфелде и Штансдорф преку реката Беке кон Шпандау. Со изградбата на Каналот Телтов во почетокот на 20 век, отворањето на неколку гробишта и пуштањето на линијата на берлинската С-Железница од Берлин-Ванзе во јуни 1913 започнал развојот на предградието. Во следните декади се изградиле голем број на поединечни куќи, се отворила трамвајска линија до Берлин-Лихтерфелде и се изградила населба за работниците во фабриките на Бош во Клајнмахнов. Во 1931 била пуштена во употреба станицата за отпадни води на Берлин.

Изградбата на Берлинскиот ѕид на 13 август 1961 ја одвоило општината од Западен Берлин. На 1 јануари 2002 била создадена денешната општина Штансдорф со спојување на претходно независните општини Гитерфелде, Шенкенхорст, Шпутендорф и самиот Штансдорф.

Remove ads

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads