Штиценгрин
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Штиценгрин (германски: Stützengrün) — општина во округот Рудни Планини, во Саксонија, Германија.
Remove ads
Географија
Местоположба
Штиценгрин се наоѓа во Рудните Планини на самата граница со Фогтланд. Во Штиценгрин се наоѓа потокот Вајсбах, кој се влева во вештачкото езеро Ајбеншток.
Геологија
Општината се наоѓа на ридското плато Албеншток од турмалин-гранит и достигнува висина од 570 до 680 метри надморска височина.
Составни делови
Покрај именуваната општина Штиценгрин, општинската област исто така ја сочинуваат и селата Хундсхибел и Лихтенау.
Историја
Развој на бројките на население (31 декември):
|
|
|
- Извор од 1998: Statistisches Landesamt des Freistaates Sachsen
Политика

На изборите во 2005, CDU освоила најмногу гласови. Целосните изборни резултати биле следниве:
Избор за градоначалник 2007
На изборите за градоначалник на 2 септември 2007, Bürgermeisterin Биргит Рајхел (CDU) била избрана повторно со 99,3 од гласовите. Излезноста на гласачите била 48,3%.
Remove ads
Култура и знаменитости

Сместена на сојузниот автопат 169, кој поминува низ општината, е Bauernbarockkirche („Барокна фармерска црква“), изградена во 1701 и сега заштитен споменик, со нејзиниот олтар и 130-годишните оргули.
Други знаменитости во општината е 795-метри високиот Куберг („Кравја планина“) со кулата Prinz-Georg-Turm, која овозвожува поглед на соседните општини. Исто така, патеката Bergwiesenerlebnispfad во самата планина овозможува прошетка низ недопрената вегетација и низ повеќе замоци.
Remove ads
Економија и инфраструктура
Сообраќај
Штиценгрин се наоѓа на сојузниот автопат 169. До 1970-тите, општинаа била поврзана со железница со пругата со тесен колосек, која водела од Вилкау-Хаслау до Карлсфелд. Во 1997, делот за Шенхајде бил обновен и поставен како музеј.
Образование
Во Штиценгрин се наоѓа основно училиште на Schulstraße, кое ги задоволува потребите на општината.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads