Штрасбург (Германија)
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Штрасбург (службено: Штрасбург (Укермарк); германски: Strasburg) — град во округот Западна Померанија-Грајфсвалд, во сојузната покраина Мекленбург-Западна Померанија, Германија. Сместен е во историската област Укермарк, околу 16 километри западно од Пазевалк и 33 километри источно од Нојбранденбург.
Штрацебурх (Straceburch) бил основан во 1267 од војвовата Барним I како стратешко важно место близу границата со Мекленбург на запад и со Бранденбург на југ. Добил градски права и бил населен од Германци при нивното доселување на Исток. Областа била вмешана во долготрајниот конфликт помеѓу Бранденбург и Померанија и откако изборниот кнез Фридрих II на Бранденбург ја освоил територијата, померанските војводите на крајот успеале да го добијат Штрасбург според Пренцлаускиот договор од 1479.
Градот останал дел од пруската Покраина Бранденбург, но во 1952 владата на Источна Германија го воспоставила округот Нојбранденбург, кој се состоел од бранденбуршките градови Пренцлау, Темплин и Штразбург. При тоа Штрасбург бил административно седиште на околниот округ. По 1989 градот станал дел од новосоздадената покраина Мекленбург-Западна Померанија.
Remove ads
Меѓународни односи
Штрасбург е збратимен со:
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads