„Гама Дизајн“ - Петралинци

From Wikipedia, the free encyclopedia

„Гама Дизајн“ - Петралинци
Remove ads

Гама Дизајнпилана и претпријатие од дрвната индустрија за производство и обработка на дрво, палети, дрвени боксови, транспортни сандуци, дрвена граѓа за градежништво, амбалажа и пелети од село Петралинци, Струмичко, Македонија.

Thumb
Различни видови на дрвени боксови произведени од Гама Дизајн.
Кратки факти Вид, Дејност ...
Remove ads

Историјат

Гама Дизајн е основана 2003 година од браќата Горан и Митко Андонови. Зачетоците во правец на дрвна индустрија доаѓаат како продолжување на работата на нивниот татко, Дине Андонов - еден од првите “тишлери“ (занаетчија кој работи со дрво и мебел) во регионот, кој работи во оваа дејност уште од 1993 година и долги години вложува во усовршување на занаетот, но и обука на безброј други луѓе кои во иднина ќе бидат носители на индустријата со дрво и мебел во регионот и државата,

Почетниот фокус на Гама Дизајн е производство на дрвена граѓа за мебел, за подоцна да се специјализра и опреми во фабрика за производство на секаков вид на палети, бокс палети, транспортни сандуци и други производи и амбалажа од дрво.

Периодот 2015/2016 година настапува најтешкиот период за Гама Дизајн, кога поради ниските цени на дрвената граѓа и тешката наплата, се прават драстични промени кои подоцна се покажуваат како правилни и носат резултати. Следствено, после неколку последователни години вложување во доопремување и најдобар квалитет, стабилни партнери и квалификуван кадар, Гама Дизајн влегува во кругот на лидери во областа на производство на палети и дрвена амбалажа, во Македонија и стекнува доверба и соработува со најголемите компании во државата, а се почесто и надвор.

Remove ads

Производство

Производството на пиланата „Гама Дизајн“ го сочинуваат следните дрвни производи: палети, , транспортни сандуци, дрвени кутии, бокс палети и друг вид на амбалажа од дрвен материјал, дрвени елементи за мебел, како и пелети за греење.

Галерија

Thumb
Различни палети, бокс палети, дрвени боксови и транспортни сандуци за секаква намена, посебно за извоз во било која земја во светот.
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads