1096
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1096 (MXCVI) — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 1096 година од новата ера, 96. од вториот милениум, 96. од XI век и седма од 1090-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6604 и 6605 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5846 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 4856 и 4857 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1849.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1096 година се протега во 3732 и 3733, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3792 и 3793 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1639. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 488 и 490 исламска година.
Remove ads
Настани

- Пролет – Петар Пустиник го започнал своето проповедање за Првата крстоносна војна, патувајќи од Бери, во централна Франција преку Шампањ-Арден, и по долината до Келн (денес Германија). Тој собрал околу 40.000 поддржувачи, кои заминале околу 20 април. Говорите на Петар ги привлекуваат не само благородниците и витезите, туку и работниците, трговците и селаните (меѓу нив имало и поранешни криминалци).[1]
Remove ads
Родени
Починале
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads