1207
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1207 (MCCVII) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1207 година од новата ера, 207. од вториот милениум, 7. од XIII век и осма од 1200-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6715 и 6716 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5957 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 4967 и 4968 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1960.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1207 година се протега во 3843 и 3844, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3903 и 3904 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1750. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 603 и 604 исламска година.
Remove ads
Настани
По област
Азија
- Пред 1207 - Кошо ја напишал „Куја - проповедање“, за време на Камакураскиот период.
- Хонен и неговите следбеници се прогонети во оддалечените делови на Јапонија, додека неколку се погубени, бидејќи властите го сметаат неговото учење за еретичко.
Европа
- 2 февруари - Тера Маријана, која се состои од денешна Естонија и Латвија, е основана како кнежевство на Светото Римско Царство.
- Ноември - Лидс, трговски град во Англија, ја добива својата прва повелба.
- Папа Инокентиј III го поддржува Филип Швабски како претендент за Цар на Светото Римско Царство, за разлика од неговата претходна поддршка за Отон IV.
По тема
Трговија
Религија
- 17 јуни - Стефан Лангтон е проглсен како архиепископ на Кентербери, од страна на Папа Инокентиј III.
Remove ads
Родени

- 7 јули - Елизабета Унгарска, унгарска принцеза и светец (п. 1231)
- 30 септември - Џалалудин Руми, персиски исламски поет, правник и теолог
- 1 октомври - Хенри III, крал на Англија (п. 1272)
- Хајнрих II, војвода од Брабант (п. 1248)
- Филип I, гроф од Савоја (п. 1285)
Починале
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads