1222
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1222 (MCCXXII) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1222 година од новата ера, 222. од вториот милениум, 22. од XIII век и трета од 1220-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6730 и 6731 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5972 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 4982 и 4983 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1975.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1222 година се протега во 3858 и 3859, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3918 и 3919 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1765. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 618 и 619 исламска година.
Remove ads
Настани
- 17 април - Стивен Лангтон, Архиепископ на Кентербери во Англија, го отвора советот во Оснејската опатија во Оксфорд.
- 11 мај - Кипар е потресен од земјотрес.
- август - По смртта на Јован Шведски на 10 март, 6-годишниот Ерик XI Шведски е избран за нов Крал на Шведска.
- Ливонска крстоносна војна: Данците не успеваат во обидот да го освојат островот Сарема од Естонците.
- Цистерцитскиот манастир е завршен во Алкобака.
- Отокар I ги обединува Бохемија и Моравија.
- Традиционален датум: Падовскиот универзитет е основан во Италија, од страна на Фридрих II.
- Издадена е Златна була во Унгарија, според која се ограничува моќта на монархијата над благородништвото.
- За првпат се споменува градот Нојкирх (Лужица).
- За првпат се споменува градот Вилтен.
- За првпат се споменува градот Рајдинг.
- За првпат се споменува градот Везениц.
- За првпат се споменува градот Марина Горка.
Remove ads
Родени
- 16 февруари - Ничирен, основач на Ничеренскиот будизам (п. 1282)
- 4 август - Ричард де Клер, англиски војник (п. 1262)
- Андреј II, Голем кнез од Владимир (п. 1264)
Починале

- 1 февруари - Алексиј I Велики Комнин, прв цар на Трапезунтското Царство.
- 10 март - Јован I Шведски - крал на Шведска (р. 1201)
- 23 јуни - Констанца Арагонска, света римска царица, кралица на Унгарија (р. 1179)
- 2 август - Ремон VI Тулушки (р.1156)
- 12 август - Владислав III, војвода од Бохемија
- Теодор I Ласкарис, основач на Никејското Царство.
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads