1230-ти

десетлетие From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

1230-ти — деценија според јулијанскиот календар кој започнала на 1 јануари 1230 година и завршила на 31 декември 1239 година.

< 1220-ти 1230-ти 1240-ти >
1230123112321233123412351236123712381239

Настани

1230

1231

  • 9 април - Жолтеникави облаци и прашина го задушуваат воздухот околу Хангџоу, Кина, што го замаглува небото и сонцето, а пожарот се распространува на југоисток од градот, кој продолжува да се шири и следниот ден. Борбата против пламенот оди тешко поради ограничената видливост. Кога пожарите биле изгасени, откриено е дека целата област од околу 10.000 куќи во југоисточниот дел на градот биле целосно уништени.
  • Монголските војници ја преминале реката Јалу во Кореја.
  • Освоен е градот Согут од страна на Ертугрул, татко на Осман I.
  • Италија: Фридрих II ги издава т.н. Устави од Мелфи, збирка на закони за Кралство Сицилија, како и указот од Салерно, кој го регулира користењето на медицината и одделувањето на професиите лекар и аптекар[3].
  • Ливелин Велики започнува поход против норманските господари во Велс.
  • Шпанија: Кралство Кастиља го освојува градот Кесада[2]
  • За првпат се споменува градот Бад Либенверда.
  • Ричард, првиот ерл од Корнвол се жени со Изабела Маршал.

1232

  • 8 април - Во Кина започнува опсада на престолнината Кајфенг против монголските сили.
  • 30 мај - Свети Антун Падовански е канонизиран од Папа Григориј IX во Сполето, помалку по една година по неговата смрт[4].
  • 15 јуни - Битка кај Ариди: Анри I Кипарски ги поразува силите на царот Фридрих II.
  • 16 јули - Мухамед Ибн Јусуф Ибн Наср е избран за владетел на Архона. Тој се бунтува против владетелот на ел-Андалус, Ибн Худ ел-Џадами, и ја презема контролата над градот. На тој начин е поставена основата на Насридската династија.[2]
  • Италија: Папа Григориј IX, поради револт од Рим, се засолнува во Анањи.
  • Фридрих II го издава Statutum in favorem principum.
  • Арман де Перигор станува Голем мајстор на витешкиот ред Темплари.
  • Силите на Алмохадите го опколуваградот Сеута, каде што Абу Муса, бунтовничкиот брат на калифот, добил засолниште и поддршка од населението. Џенова им дава дел од својата флота на бунтовниците, кои успешно се спротивставуваат на силите на калифот[5] Последиците од овој револт се тројни: градот станува де факто независен од Алмохадите, но се потпира на италијанските поморски сили, а патот на транссахарската трговија започнува да се менува кон исток, поради локалните превирања.
  • Првото издание на Трипитака Кореана е уништено монголските сили.

1233

  • 26 февруари - Монголските сили успеваат да го освојат Кајфенг.
  • Зима - Шпанија: по загубата на Трухиљо и Убеда, Ибн Худ ел-Џамади морал да побара примирје од кралот на Кастиља, Фердинанд III.
  • Кастилските војници го опседнуваат муслиманскиот град Пењискола[6].
  • Бунтовнчкиот град Сан Северо е освоен од Фридрих II.
  • Елбург и Гендт ги добиваат своите градски права.
  • Амадеј IV Савојски станува гроф од Савоја
  • Папа Григориј IX им забранува на Евреите да вработуваат христијански слуги.
  • Кардиналот Конрад напишал писмо во кое го истакнал ересот на папата во Босна.
  • Започнува да се гради црквата Свети Павле во Цариград.
  • Декември - Монголската опсадата на Caizhou започнува.
  • Основана е медресата Мустансира во Багдад.

1234

  • Регионот каде живееле Мандените, кренале востание против Царство Сосо. Ова е почеток на процесот кој ќе доведе до подем на Царство Мали.
  • По смртта на Кнут II Шведски, соборениот Ерик XI Шведски се враќа на престолот на Шведска.
  • Папа Григориј IX повикува на Босанска крстоносна војна, и го заменува Поп Богомил со католичкиот доминикански германски епископ со име Јохан.
  • Кралот Андреј II Унгарски се прогласува за бан на Босна, и покрај тоа што Матеј Нинослав бил законски наследник.
  • Саншу II Португалски ги освојува градовите на Алжуштрел и Мертола[7].
  • Основан е градот Итерзен.
  • Основан е градот Штралзунд.
  • Папата Григориј IX го издава Decretales Gregorii IX.

1235

1236

  • 14 јануари - Хенри III се оженува со Елеонора Прованска.
  • 1 мај - Разија Султана е назначена за наследник на нејзиниот татко во Султанат Делхи.
  • 6 мај - Умира Роџер Вендовер, бенедиктински монах и летописец во Сент Олбанс.
  • 29 јуни - Кордоба е освоена од кастилските војници, како дел од Реконквистата на Пиринејскиот Полуостров[2]. Големата џамија е претворена во римокатоличка катедрала.
  • 22 септември - Битката кај Соул: Литванците ги победуваат Ливонските браќа на мечот.
  • Волшка Бугарија е освоена од страна на монголските сили на чело со Бату-кан.
  • Турнир во Англија се претвора во битка помеѓу северните и јужните граѓани на кралството, но мирот е обновен од страна на папскиот легат[8].
  • По поразот на Хенрик од својот татко, царот Фридрих II, во комуната повторно се создава Ломбардскиот Сојуз.
  • Со помош на Фридрих II, Езелино III застанал како управител на градот Падова.
  • Престанува регенството на Бланка Кастилска над својот син Луј IX Светиот.
  • Плен добива градски права.
  • Дутинхем добива градски права.
  • Создавање на бугарската воена флота, по наредба на царот Иван Асен II. Во тоа време, Бугарија излегува на три мориња, па царот неминовно сметал дека му е потребен таков опфат за да може да се спротивстави на соседните непријатели, наредувајќи да се изградат 25 галии.
  • 4 од 58 окрузи во Сичуан, Кина, се освоени во Сунг од страна на монголските сили, на чело со Огатај-кан.
  • Во есента 1236 година, монголеките орди со околу 35.000 стрелци, ја преминале реката Волга и ја нападнале Волшка Бугарија. По една година тие успеале да ја заземат целата нејзина територија

1237

  • Томас II Савојски станува гроф Фландрија.
  • Основан е градот Елблонг во рамките на Држава на Тевтонскиот Ред (денес Полска).
  • Бату-кан со сила од околу 150.000 Монголци, Турци и Персијци ја продолжува инвазијата кон Русија и Европа.
  • Гвалдо Тадино, Италија, е зафатен од голем пожар.
  • Грофовија Артоа е основано во Франција.
  • Болдвин II Цариградски станува цар на Латинското Царство.
  • Конрад IV станува Крал на Германија.
  • Ливонска крстоносна војна: По поразот во Битката кај Сауле, Ливонските браќа на мечот се апсорбираат во Тевтонскиот ред, како автономен Ливонски орден. .
  • Битка кај Кортенова: Фридрих II го поразува Ломбардскиот Сојуз.
  • Еден голем пожар уништува околу 30.000 станови во кинескиот главен град Хангџоу.
  • Градот Кириц добива градски права.
  • Градот Плоцк добива градски права.
  • Епископот Ришки го изградил замокот Кројцбург.

1238

1239

Remove ads

Наводи

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads