1232

година From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

1232 (MCCXXXII) — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 1232 година од новата ера, 232. од вториот милениум, 32. од XIII век и трета од 1230-тите.

< XII век XIII век XIV век >
01020304050607080910
11121314151617181920
21222324252627282930
31323334353637383940
41424344454647484950
51525354555657585960
61626364656667686970
71727374757677787980
81828384858687888990
91929394959697989900
Кратки факти
Remove ads

Други календари

Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.

Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6740 и 6741 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5982 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 4992 и 4993 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1985.

Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1232 година се протега во 3868 и 3869, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3928 и 3929 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1775. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 629 и 630 исламска година.

Remove ads

Настани

По област

Африка

  • Силите на Алмохадите го опколуваградот Сеута, каде што Абу Муса, бунтовничкиот брат на калифот, добил засолниште и поддршка од населението. Џенова им дава дел од својата флота на бунтовниците, кои успешно се спротивставуваат на силите на калифот[1] Последиците од овој револт се тројни: градот станува де факто независен од Алмохадите, но се потпира на италијанските поморски сили, а патот на транссахарската трговија започнува да се менува кон исток, поради локалните превирања.

Азија

  • Првото издание на Трипитака Кореана е уништено монголските сили.
  • 8 април - Во Кина започнува опсада на престолнината Кајфенг против монголските сили.

Европа

Религија

Remove ads

Родени

Thumb
Биста на Арнолфо ди Камбио во родното Коле ди Вал д'Елса
  • Арнолфо ди Камбио, фирентински архитект (п. 1310)
  • Манфред Сицилијански (приближен датум; п. 1266)
  • Елизабета Вроцлавска (приближен датум, п. 1265)
  • Бернард Сасет (п. 1311)
  • Рамон Луљ, мисионер (п. 1316)

Починале

  • 18 јули - Џон де Brause,
  • Мајкл Шкот, шкотски математичар и астролог (п. 1175)
  • Азалаис Монтфератски, регент на Салуцо (п. 1150)
  • Толуј, син на Џингис Кан (п. 1190)

Наводи

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads