1239
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1239 (MCCXXXIX) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1239 година од новата ера, 239. од вториот милениум, 39. од XIII век и последна од 1230-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6747 и 6748 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5989 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 4999 и 5000 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1992.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1239 година се протега во 3875 и 3876, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3935 и 3936 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1782. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 636 и 637 исламска година.
Remove ads
Настани

- 20 март - Папа Григориј IX го екскумуницира Фридрих II, Цар на Светото Римско Царство.
- ноември - Папа Григориј IX дава согласност за крстоносна војна против муслиманското кралство Мурсија[1]
- Фридрих II ја спроведува опсадата на Фаенца.
- Главната кула на Линколнската катедрала во Англија паѓа.
- Монголците го нападнале Тибет, уништавајќи будистички манастири.
- Уништен е градот Чернигов од страна на монголските сили, заедно со Тројскиот манастир.
- За првпат се споменува градот Тритау.
- За првпат се споменува градот Зичиујфалу.
- Перлеберг добива градски права.
- Николо Да Конти го публикува своето патешествие до Индија и Југоисточна Азија.
- Востаните предводено од популарниот проповедник Баба Ишак во Иконискиот Султанат.
Remove ads
Родени
Починале
- 3 март - Владимир IV Рурикович, син на Рјурик Ростиславич
- 20 март - Херман фон Салза, четврти голем господар на Тевтонските витези
- 28 март - Го-Тоба, цар на Јапонија (р. 1180)
- Ирина Ласкарина, царицата на Никеја
- Абу ел-Абас ел-Небати, андалусиски научник
- Албрехт IV, гроф од Хабсбург.
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads