1258
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1258 (MCCLVIII) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1258 година од новата ера, 258. од вториот милениум, 58. од XIII век и деветта од 1250-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6766 и 6767 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6008 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5018 и 5019 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2011.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1258 година се протега во 3894 и 3895, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3954 и 3955 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1801. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 655 и 656 исламска година.
Remove ads
Настани
По област

Азија
- 10 февруари - Опсадата на Багдад завршува со победа на монголските сили на чело со Хулагу-кан. По освојувањето на градот, биле убиени околу 1.000.000 граѓани, градот бил срушен заедно со т.н. Куќа на мудроста.
- 25 јуни - Војна на Свети Сабас: Во Битка кај Ако, Венецијанците ги поразуваат на џеновскиоте сили.
- Кореја се предава на Монголското Царство.
Европа
- 11 мај - Договорот од Корбеј е потпишан помеѓу Јаков I и Луј IX. Францускиот крал, како наследник на Карло Велики, формално се откажува од феудалното владеење над Каталонија (независен де факто од 988), додека кралот Арагонски се откажува од своите територии за Окситанија .
- 25 август - Георгиј Музалон, регент на Никејското Царство, е убиен како дел од заговор предводен од благородници, на чело со идниот цар Михаил VIII Палеолог.
- Ливелин ап Грифид се прогласува себеси за Принц од Велс. Тој е последниот владетел на независен Велс, пред неговото освојување од страна на Англичаните.
- Кралот Хенри III е принуден од седум моќни барони да ги прифати „Одредбите од Оксфорд“.
- Златна Орда ја освојува Литванија.
- Завршува Војната на наследството на Евбеја
По тема
Трговија
Remove ads
Родени
- Осман I, основач на Отоманското Царство (п. 1326)
- Чан Нан Тонг, цар на Виетнам (п. 1308)
- Леди Ниџо, јапонска наложница и будистичка калуѓерка
- веројатно
- Аргхун, четвртиот владетел на Илканат (п. 1291)
Починале
- Февруари - Сулајман Шах, Абасид војник
- 20 февруари - ел-Мустази, последен абасидски Калиф на Багдад
- 5 април - Света Јулијана од Лиеж
- 2 јуни - Петар I, гроф од Уржел
- 22 јули - Мејнхард II (р. 1200)
- 18 август - Теодор II Ласкарис, цар на Никеја
- 25 август - Георгиј Музалон, регент на Никеја
- 10 ноември - Вилијам де Бондингтон, епископ во Глазгов
- Абул Хасан аш-Шадхили, марокански духовен водач (б. 1175)
- Климент Данблејнски, прв доминикански епископ во Британија
Remove ads
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads