1259
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1259 (MCCLIX) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1259 година од новата ера, 259. од вториот милениум, 59. од XIII век и последна од 1250-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6767 и 6768 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6009 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5019 и 5020 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2012.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1259 година се протега во 3895 и 3896, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3955 и 3956 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1802. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 656 и 658 исламска година.
Remove ads
Настани
По место
Европа

- Дебатата на Оксфордскиот парламент, предводен од Симон V Монфорт, води кон прифаќање на кралот Хенри III на т.н. Одредби на Оксфорд
- Септември - Битка кај Пелагонија: Никејското Царство го поразува Ахајското Кнежевство, обезбедувајќи евентуално повторно освојување на Цариград во 1261.
- 4 декември - Кралевите Луј IX и Хенри III се согласуваат со Парискиот договор, во кој Хенри се откажува од териториите во Европа, во замена да Луј ја повлече својата поддршка за англиските бунтовници.
- Познатите фрески од Бојанска црква во Бугарија се завршени.
- Германските градови Либек, Висмар и Росток влегуваат во пакт за одбрана од пиратите од Балтичкото Море, поставувајќи ја основата на сојузот Ханза.
- Ногај-кан го преводи вториот напад врз Литванија.
Remove ads
Родени
Починале
- Јануари - Матилда II, грофица на Булоњ, владетел на Булоњ, кралица на Португалија (р. 1202)
- 7 февруари - Томас II Савојски
- 29 мај - Крал Кристофер I Дански (р. 1219)
- 11 август - Монгке-кан, монголски кан
- 7 октомври - Ецелино III да Романо, италијански владетел
- 18 ноември - Адам Марш, англиски научник и теолог
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads