1260
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1260 (MCCLX) — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 1260 година од новата ера, 260. од вториот милениум, 60. од XIII век и прва од 1260-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6768 и 6769 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6010 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5020 и 5021 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2013.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1260 година се протега во 3896 и 3897, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3956 и 3957 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1803. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 658 и 659 исламска година.
- На власт во Тавантинсују доаѓа третиот Сапа Инка Локе Јупанки, наследувајќи го Синчи Рока.
Remove ads
Настани
По место
Африка
- 24 октомври - Кутуз, султанот на Египет, е убиен од страна на Бајбарс, по кое ја презема власта во земјата.
- Државниот службеник Ибн ел-Абар, е изгорен на клада од владетелот на Маринидите.
Азија

- Започнува граѓанска војна помеѓу Кублај Хан и Арик Боке за престолот.
- 5 мај - Кублај Хан војува за престолот на Монголското Царство, по смртта на Монгке-кан.
- 21 мај - Кублај Хан го испраќа својот пратеник Хао Ќинг да преговара со династијата Сунг.
- 3 септември - Битка кај Ајн Џалут во Галилеја: Мамелучкиот Султанат ги поразува монголските сили, означувајќи го нивниот прв одлучувачки пораз и точка на максимално проширување на Монголското Царство.
Европа
- 12 јули - Битка кај Кресенбрун: Кралот Отокар II го освојува Војводство Штаерска од кралот Бела IV.
- 4 септември - Битката кај Монтаперти: Сиенските Гибелини, поддржани од силите на кралот Манфред Сицилиски, ги поразуваат фирентинските Гвелфи.
- Војводство Саксонија е поделено на Саксо-Лауенбург и Саксонија-Витенберг.
- Хрватска е поделена на два подрегиони на чело со бан.
- Опсада на Цариград: неуспешен обид за преземање на престолнината на Латинското Царство од страна на Никејското Царство.
По тема
Уметност и култура
- 24 октомври - Шартрската катедрала е осветена во присуство на кралот Луј IX.
- Јакоб де Ворагински ја компилира својата работа, „Златна легенда“.
- Мозаикот Христос помеѓу Богородица и Св. Мина е направен на фасадата на Базилика Сан Минијато ал Монте.
- Франко Келнски го објавува „Ars Cantus Mensurabilis“.
- Започнува изградбата на катедралата во Данкелд, Шкотска.
- Започнува изградбата на катедралата во Мајсен и Шверин.
Религија
- Новоформираното Сукотајско Кралство на Тајланд го прифаќа будизмот.
Remove ads
Родени
- 15 мај или 25 јули - Јован, лорд од Валенсија (п. 1319)
- Матеј Чак, унгарски олигарх
- Мајстор Екхарт, германски теолог, филозоф и мистик (п. 1328)
- Гијом де Ногаре, чувар на печатот на кралот Филип IV (п. 1313)
- Максим Плаудес, византиски граматичар и теолог (приближен датум, п. 1330)
- Хутулун, монголска принцеза и воин (п. 1306)
Починале
- 28 април - Лучезиј Модестини, основач на Третиот ред на Свети Франсис
- May - Марија Брабантска
- 9 август - Валтер Киркхемски, епископ во Дурам
- 24 октомври - Кутуз, султан на Египет
- 4 декември - Ајмер де Валенс, бискуп на Винчестер (р. 1222)
- Китбука, монголски воен водач
- Ибн ел-Абар, андалусиски дипломат и научник (р. 1199)
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads