1267
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1267 (MCCLXVII) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1267 година од новата ера, 267. од вториот милениум, 67. од XIII век и осма од 1260-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6775 и 6776 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6017 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5027 и 5028 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2020.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1267 година се протега во 3903 и 3904, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3963 и 3964 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1810. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 665 и 666 исламска година.
Remove ads
Настани
По тема

Војна и политика
- 16 февруари - Кралот Афонсо III Португалски и кралот Алфонсо Х Кастилски ја потпишуваат Конвенцијата од Бадахос, одредувајќи ја границата помеѓу Кралство Португалија и Кралство Леон, обезбедувајќи португалски суверенитет над Алгарве.
- 27 мај - Договор од Витербо: царотБолдвин II го подарува Ахајското Кнежевство на кралот Карло I Сицилиски, со надеж дека тој може да му помогне да го обнови своето Латинско Царство.
- Крај на Втора баронска војна. Бунтовниците и кралот Хенри III се согласуваат со условите за мир, како што е наведено во Едиктот од Кенилворт.
- Договор од Монтгомери: Кралот Хенри III ја признава титулата на Принц од Велс на Ливелин ап Грифид.
- Основан е градот Острава.
Култура
- Роџер Бејкон го комплетира своето дело Opus Majus и го испраќа до Папа Климент IV. Делото содржи широка дискусија за математика, оптика, алхемија, астрономија, астрологија и други теми и вклучува прв опис на лупата.
- Раководството во Виена ги принудува Евреите да носат Pileum cornutum, конусен фустан, и Жолта ѕвезда.
- Во Англија е донесен т.н. Статут од Марлборо, најстариот англиски закон кој уште (делумно) е во сила.
По место
Азија и Африка
- Шпанија се обидува да изврши инвазија на Мароко, но Маринидите успешно се одбрануваат против инвазијата и ги протеруваат шпанските сили.
Remove ads
Родени
- 3 февруари - Ричард ФитцАлан (п. 1302)
- 10 август - Крал Јаков II, крал на Арагон (п. 1327)
- 17 декември - Го-Уда, цар на Јапонија (п. 1324)
- Џото ди Бондоне, италијански уметник (п. 1337)
- Роже де Флор, сицилијански воен авантурист
Починале
- 21 февруари - Болдвин од Ибелин
- 3 март или 4 март - Ларс, архиепископ на Шведска
- 17 март - Пјер де Монтреј, француски архитект (р. 1200)
- 23 септември - Беатриса Прованска, (р. 1234)
- 26 ноември - Силвестер Гозолини, италијански основач на Силвестрини (р. 1177)
- Ноември / декември - Хју II Кипарски, крал на Кипар и регент на Кралство Ерусалим. (р. 1253)
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads