1270
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1270 (MCCLXX) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1270 година од новата ера, 270. од вториот милениум, 70. од XIII век и прва од 1270-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6778 и 6779 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6020 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5030 и 5031 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2023.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1270 година се протега во 3906 и 3907, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3966 и 3967 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1813. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 668 и 669 исламска година.
Remove ads
Настани
Африка
Осми крстоносен поход
- Пред август - Кралот Луј IX го започнува Осмиот крстоносен напад, во обид да ги врати крстоносните држави од Мамелуците.
- 25 август - Кралот Луј IX умира додека го опседнува градот Тунис, најверојатно поради слабата вода за пиење.
- 30 октомври - Опсадата на Тунис и Осмиот крстоносна војна завршува со договор меѓу братот на Луј IX и Мухамед I ел-Мустаншир, калиф на Тунис.
Други настани
Азија
- Стариот град Ашкелон е окупиран од Крстоносците, а крајно уништен од Мамелуците, оставајќи ја локацијата пуста, а градот никогаш да не биде повторно изграден.
- Градот Тебриз, во денешен Иран, е главен град на монголскиот Илханат (приближен датум).
- Независната држава Куч е основана во денешна Индија.
- Пописот на кинескиот град Хангџоу утврдува дека во него живеат околу 186,330 семејства, не вклучувајќи ги и посетителите и војниците.
Европа
- 16 февруари - Ливонска крстоносна војна - Битка кај Карусе: Големо Војводство Литванија го поразува Ливонскиот ред на замрзната површина на Балтичко Море.
- 1 септември - Кралот Стефан V ја пишува својата antiquum castellum.
- „Summa Theologica“, дело на Тома Аквински кое се смета во рамките на Римокатоличката црква да биде главен израз на неговата теологија, е завршено (година е неизвесна).
- Изградбата на Старата синагога во Прага е завршена.
Remove ads
Родени
Починале

- 18 јануари - Маргарита Унгарска (р. 1242)
- 23 февруари - Изабела Француска, француска принцеза и светец (р. 1225)
- 17 март - Филип Монфорт
- 3 мај - Бела IV, крал на Унгарија (р. 1206)
- 18 јули - Бонифациј Савојски, архиепископ на Кентербери
- 25 август
- Луј IX, француски крал од Капетинската династија.
- Алфонс Бриенски (р. 1225)
- 4 декември - Теобалд II Наварски (р. 1238)
- Давид VII Грузиски, крал на Грузија (р. 1215)
- Ибн Аби Усаибија, сириски арапски медицински историчар (р. 1203)
- Исак бен Мојсеј од Виена, еврејски рабин и научник (р. 1200)
- Роџер Бигод (р. 1212)
- Ули I, владетел на Царство Мали
Remove ads
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads