1277
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1277 (MCCLXXVII) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1277 година од новата ера, 277. од вториот милениум, 77. од XIII век и осма од 1270-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6785 и 6786 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6027 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5037 и 5038 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2030.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1277 година се протега во 3913 и 3914, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3973 и 3974 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1820. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 675 и 676 исламска година.
Remove ads
Настани

- 7 март - Осуда на движењето Авероизам од страна на Римокатоличката црква.
- 18 март - Карло Анжујски ја купува титулата на Крал на Ерусалим од Марија Антиохиска, за 1.000 безанти[1].
- 15 април - Битка кај Елбистан: Мамелучкиот султан [(Бајбарис)] го напаѓа Иконискиот Султанат и ја поразува војската на Илканатот.
- 25 ноември - Папа Никола III наследува Папа Јован XXI, како 188-ти папа.
- Околу 50.000 водачи и граѓани на династија Сунг од Кина стануваат првите регистрирани жители на Макао, бидејќи бараат засолниште од инвазивните армии на Јуен.
- Договор од Аберконви е потпишан од Ливелин ап Грифид, Принцот од Велс, и кралот Едвард I, завршувајќи ја Првата велшка војна, во замена за ограничувања на моќта на Ливелин.
- Крстот на Свети Ѓорѓи за првпат е забележан во употреба, како национално знаме на Англија.[2]
- Во Англија, Роџер Бејкон, професор во Оксфорд, е уапсен за ширење анти-црковни ставови[3].
Remove ads
Родени
- Галеацо I Висконти, владетел на Милано
- Семпад Ерменски, крал на Ерменија (р. 1310)
- Изабела Марска, шкотска грофица (приближен датум, п. 1296)
- Марта Данска, кралица на Шведска (п. 1341)
Починале
- Јануари-март - Филип Сицилиски, титуларен крал на Солун
- 1 мај - Стефан Урош I на Србија
- 20 мај - Папа Јован XXI (р. 1215)
- 1 јули - Баибарс, мамелучки султан на Египет (р. 1223)
- 17 октомври - Беатриса Фалканбуршка, германска кралица (р. 1254)
- 27 октомври - Валтер де Мертон, Лорд канцелар на Англија и основач на колеџот Мертон, Оксфорд
- непозната дата
- Константин Асен - бугарски цар
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads