1289
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1289 (MCCLXXXIX) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1289 година од новата ера, 289. од вториот милениум, 89. од XIII век и последна од 1280-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6797 и 6798 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6039 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5049 и 5050 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2042.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1289 година се протега во 3925 и 3926, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3985 и 3986 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1832. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 687 и 688 исламска година.
Remove ads
Настани
По место
Америка
- 5,553 метри високиот вулкан Попокатепетл е искачен од страна на членовите на племето Текуанипан, во денешно Мексико.
Африка
- 27 април - Падот на Триполи: Мамелучкиот султан ел-Мансур Калаван го освојува Грофовија Триполи (во денешен Либан) по едномесечна опсада. Овас е крај на постоењето на крстоносната држава.
Азија
- Принцот Субару од Јапонија ја освојува провинцијата Сајтама.
Европа
По тема
Образование
- Папа Никола IV формално го формира Универзитет Монпелје во Франција преку папска була.
Трговија
Религија
- Атанасиј I Цариградски за првпат станува Вселенски патријарх.
Remove ads
Родени

- 4 октомври - Крал Луј X, француски крал од Капетинската династија.
- 6 октомври - Крал Вацлав III (п. 1306)
Починале
- 16 јануари - Буга, монголски министер
- 12 март - Кралот Димитар II Грузиски (р. 1259)
- Крал Лав III Ерменски
- Петар де Дачија, шведски монах и автор
- Уголино дела Герардеска, италијански политичар и поморски командант
- Ипен, јапонски монах (р. 1239)
- Џовани Дандоло, венецијански дужд
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads