1457

година From Wikipedia, the free encyclopedia

Remove ads

1457 (MCDLVII) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1457 година од новата ера, 457. од вториот милениум, 57. од XV век и осма од 1450-тите.

< 14 век 15 век 16 век >
01020304050607080910
11121314151617181920
21222324252627282930
31323334353637383940
41424344454647484950
51525354555657585960
61626364656667686970
71727374757677787980
81828384858687888990
91929394959697989900
Кратки факти
Remove ads

Други календари

Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.

Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6965 и 6966 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6207 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5217 и 5218 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2210.

Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1457 година се протега во 4093 и 4094, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4153 и 4154 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2000. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 861 и 862 исламска година.

Remove ads

Настани

Јануари - декември

  • 24 февруари - Карл VIII Шведски е прогласен за соборен од престолот. Архиепископот на Шведска и државникот Ерик Акселсон Тот стануваат ко-регенти на Шведска. Престолот потоа се понудил на Кристијан I Дански и Норвешки.
  • 12 април - Стефан Велики го обезбедува престолот на Молдавија, владеејќи со земјата во следните 47 години.
  • 23 јуни - Кристијан I Дански е избран за крал на Шведска, завршувајќи ја војната меѓу Шведска и Данска и овозможувајќи враќање на Калмарската унија.
  • 14 август - Мајнчкиот псалтир, втора поголема книга отпечатена на Запад, станува прва книга што е целосно завршена механички (вклучувајќи и боја), и прва што носи печатена дата.
  • 2 септември - Битка кај Уџебарда: Важната победа на Скендербег против војската на Османлиите.
Remove ads

Родени

Починале

  • 16 март - Ласло Хунади, унгарски државник и воин (р. 1433)
  • 22 мај - Света Рита Кашинска, италијански светец (р. 1381)
  • 1 август - Лоренцо Вала, италијански хуманист
  • 19 август - Андреа дел Кастањо, италијански сликар (р. 1421)
  • 12 септември - Габриеле Сфорца, Милански архиепископ (р. 1423)
  • 14 септември - Маргарита фон Пфалц-Мосбах, грофица на Ханау (р. 1432)
  • 22 септември - Пјер II, војвода од Бретања (1418)
  • 3 ноември - Лудвиг II, германски благородник (р. 1439)
  • 23 ноември - Ладислав V, крал на Бохемија и Унгарија (р. 1440)
  • непознат дата
    • Абдул Касим Бабур Мирза, владетел на Хурасан (р. 1422)
    • Бартоломеј Перестрело, португалски истражувач (р. 1395)
Remove ads

Надворешни врски

  • 1457 на Ризницата ?
Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads