1492
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1492 (MCDXCII) — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 1492 година од новата ера, 492. од вториот милениум, 92. од XV век и трета од 1490-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7000 и 7001 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6242 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5252 и 5253 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2245.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1492 година се протега во 4128 и 4129, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4188 и 4189 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2035. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 897 и 898 исламска година.
Remove ads
Настани
- 16 јануари - првата современа граматика, граматиката на шпанскиот јазик, ѝ е претставена на кралицата Изабела I Кастиљска.
- 3 август - италијанскиот морепловец Кристофер Колумбо којшто работел за шпанскиот кралски двор со бродовите Санта Марија, Ниња и Пинтатргнал тргнал на во пронаоѓање на морскиот пат за Индија, а стигнува до Карибите откривајќи ја Америка.
- 11 август - Родриго де Борџија, внукот на првиот шпански папа Алфонсо ди Борџија, станува Папа Александар VI.
- 5 декември - Кристофер Колумбо во Карипското Море го откри островот Санто Доминго.
- во Скопје била подигната Мустафа-пашина џамија.
- На територијата на Отоманското Царство се населуваат Сефардите, протерани од Шпанија.
Remove ads
Родени
Починале
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads