1899
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1899 (MDCCCXCIX) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1899 година од новата ера, 899. од вториот милениум, 99. од XIX век и последна од 1890-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7407 и 7408 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6649 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5659 и 5660 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2652.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1899 година се протега во 4535 и 4536, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4595 и 4596 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2442. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1316 и 1317 исламска година.
Remove ads
Настани
јануари
- 19 јануари - Судан станал кондоминиум на Велика Британија и Египет.
- 21 јануари - Опел го произвел првиот автомобил.
февруари
март
април
мај
јуни
јули
август
септември
октомври
ноември
декември
Родени
- 29 март - Лаврентиј Берија, советски политичар, раководител на советската тајна полиција и на безбедносните служби во времето на Сталин. Претставува еден од одговорните за Големата чистка од времето на Сталин.
- 29 април - Алдо Нади, италијански мечувалец. Веројатно најголемиот мечувалец на сите времиња.
- 21 јули - Ернест Милер Хемингвеј, американски писател, добитник на Нобеловата и Пулицеровата Награда.
- 17 јули - Џими Кегни, легендарен американски глумец.
Починале
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads