1907
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1907 (MCMVII) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1907 година од новата ера, 907. од вториот милениум, 7. од XX век и осма од 1900-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7415 и 7416 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6657 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5667 и 5668 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2660.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1907 година се протега во 4543 и 4544, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4603 и 4604 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2450. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1324 и 1325 исламска година.
Remove ads
Настани
- 15 - 16 март - Први парламентарни избори во Финска, први во светот на кои има и женски кандидати и први во Европа со општо право на глас
- 15 јуни - Одржана е Втората Хашка мировна конференција
- 25 јули - Кореја станува протекторат на Јапонија
- 31 август - Формирана е Англо-руската Антанта
- 26 септември - Нов Зеланд и Њуфаундленд стануваат доминиони
- 16 ноември - Индијанската Територија и Територијата Оклахома стануваат 46-та американска држава, Оклахома
Remove ads
Родени
- 8 март - Константин Караманлис, грчки политичар
- 9 март - Мирча Елијаде, романски писател
- 22 мај - Лоренс Оливие, британски глумец и режисер
- 26 мај - Рејчел Карсон, американски биолог и писател
- 17 јуни - Чарлс Имс, американски дизајнер и архитект
- 28 ноември - Алберто Моравија, италијански писател
Починале
- 2 февруари - Димитриј Менделеев, руски хемичар
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads