1924
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1924 (MCMXXIV) — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 1924 година од новата ера, 924. од вториот милениум, 24. од XX век и петта од 1920-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7432 и 7433 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6674 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5684 и 5685 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2677.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1924 година се протега во 4560 и 4561, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4620 и 4621 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2467. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1342 и 1343 исламска година.
Remove ads
Настани
јануари
- 25 јануари - Во францускиот град Шамони почнаа првите зимски Олимписки игри.
февруари
март
април
мај
- 6 мај - Левицата и десницата на македонското национално движење го потпишуваат Мајскиот манифест.
јуни
- 2 јуни — Конгресот на САД им призна државјанство на Индијанците.
јули
- 15 јули – Излегува првиот број на весникот „Балканска федерација“.
- 20 јули - Во Париз е основана Светската шаховска федерација (ФИДЕ).
август
септември
октомври
ноември
декември
- Комунистичката интернационала решава да се залага за формирање на независна и обединета Македонија.
Remove ads
Родени
- 17 јануари - Благоја Талески, македонски политичар и учесник во НОБ
- 27 јануари - Рауф Денкташ, кипарски политичар
- 3 април - Марлон Брандо, американски глумец
- 18 јули - Џон Глен, американски астронаут
- 28 септември - Марчело Мастројани, италијански глумец
- 1 ноември - Сулејман Демирел, турски политичар
Починале
- 21 јануари - Владимир Ленин, руски комунист
- 2 февруари - Алекса Шантиќ, српски поет
- 3 февруари - Вудро Вилсон, американски претседател
- 7 мај - Димитар Благоев, македонски политичар во бугарија
- 3 јуни - Франц Кафка, германски писател
- 3 август - Џозеф Конрад, полски писател
- 31 август - Тодор Александров, македонски револуционер
- 12 септември - Алеко Василев, македонски револуционер
- 12 септември - Георги Атанасов, револуционер, деец на ВМРО
- 13 септември - Славчо Ковачев, македонски револуционер и публицист
- 13 септември - Димо Хаџи Димов, македонски социјалист
- 14 септември - Арсениј Јовков, македонски револуционер и публицист
- 15 септември - Штерју Влахов, македонски револуционер
- 15 септември - Динчо Вретенаров, македонски револуционер
- 17 септември - Чудомир Кантарџиев, македонски револуционер
- 27 септември - Александар Бујнов, револуционер
- 27 септември - Стоју Хаџиев, македонски револуционер
- 12 октомври - Анатол Франс, француски писател
- 23 декември - Петар Чаулев, македонски револуционер
- 30 декември - Стојан Мишев, македонски револуционер
Remove ads
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads