1932
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1932 (MCMXXXII) — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 1932 година од новата ера, 932. од вториот милениум, 32. од XX век и трета од 1930-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7440 и 7441 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6682 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5692 и 5693 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2685.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1932 година се протега во 4568 и 4569, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4628 и 4629 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2475. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1350 и 1351 исламска година.
Remove ads
Настани

- 1 февруари - објавен е романот на Олдос Хаксли - Храбар Нов Свет
- 4 февруари - отворени се Зимските олимписки игри во Лејк Плесид, САД
- 19 март - отворен за употреба Сиднејскиот заливски мост
- 3 октомври - Ирак добива независност од Британија
Родени
- 5 јануари - Умберто Еко, италијански писател
- 6 февруари - Франсоа Трифо, француски режисер
- 18 февруари - Милош Форман, чешки режисер
- 27 февруари - Елизабет Тејлор, англиска глумица
- 9 јули - Доналд Рамсфелд, американски политичар
- 22 септември - Алгирдас Бразаускас, литвански претседател
- 13 октомври - Душан Макавеев, српски режисер
- 27 октомври - Силвија Плат, американска поетеса
- 4 ноември - Томас Клестил, австриски претседател
- 29 ноември - Жак Ширак, француски претседател
Починале
- 7 март - Аристид Бријан, француски политичар
- 22 јули - Ерико Малатеста, италијански анархист
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads