1940
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1940 (MCMXL) — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 1940 година од новата ера, 940. од вториот милениум, 40. од XX век и прва од 1940-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7448 и 7449 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6690 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5700 и 5701 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2693.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1940 година се протега во 4576 и 4577, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4636 и 4637 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2483. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1358 и 1359 исламска година.
Remove ads
Настани
- 5 март – Јосиф Сталин и останатите членови на Политбирото на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз потпишуваат наредба со која се стрелани од 15 до 22 илјади полски заробеници.
- 12 март – СССР и Финска потпишуваат мировен договор во Москва, со што завршува Зимската војна.
- 9 април – Германија ги напаѓа Данска и Норвешка.
- 12 април – Британија ги окупира Фарските острови за да спречи Германија прва да ги заземе.
- 10 мај – Германските сили ги напаѓаат земјите на Бенелукс.
- 10 мај – Британија извршува инвазија на Исланд.
- 10 мај – Винстон Черчил е избран за британски премиер.
- 10 јуни – Италија им објавува војна на Франција и Британија.
- 14 јуни – Париз паѓа под германска окупација.
- 17 јуни – Советската војска влегува во Естонија и Латвија.
- 16 јули - Адолф Хитлер ја издал директивата „Морски лав“, план за инвазија врз Велика Британија.
- 7 септември – Со Договорот во Крајова, Романија ѝ ја отстапува Јужна Добруџа на Бугарија.
- 7 септември – Германија започнува со бомбардирањето на Лондон.
- 8 септември – На Водно, Скопје, се одржува Покраинската конференција на КПЈ за Македонија. Методија Шаторов - Шарло е избран за секретар на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија, а Кочо Рацин е исклучен од партијата.
- 15 октомври – Првпат е емитуван филмот на Чарли Чаплин, „Големиот диктатор“, во кој тој ги исмева Адолф Хитлер и Бенито Мусолини.
- 19 – 23 октомври – Во Загреб се одржува Петтата земска конференција на Комунистичката партија на Југославија.
- 28 октомври – Италија ја напаѓа Грција.
- 5 ноември – На американските претседателски избори победува демократот Франклин Рузвелт и станува првиот американски претседател со трет мандат.
- 20 ноември – Унгарија, Романија и Словачка пристапуваат кон Силите на Оската.
Remove ads
Родени
- 19 февруари - Сапармурат Нијазов, туркменистански претседател
- 23 февруари - Питер Фонда, американски глумец
- 7 март - Руди Дучке, германски студентски водач
- 10 март - Чак Норис, американски глумец
- 16 март - Бернардо Бертолучи, италијански режисер
- 23 март - Ристо Шишков, македонски глумец
- 29 март - Аструд Жилберто, истакната бразилска пејачка на босанова и самба, прославена со нејзината изведба песната „Девојката од Ипанема“.
- 25 април - Ал Пачино, американски глумец
- 24 мај - Јосиф Бродски, руски поет
- 5 октомври – Милена Дравиќ, српска глумица
- 9 октомври - Џон Ленон, британски пејач
- 23 октомври - Пеле, бразилски фудбалер
- 27 ноември - Брус Ли, кинеско-американски глумец
Починале
- 10 март - Михаил Булгаков, руски писател
- 26 март - Спиридон Луис, грчки атлетичар
- 14 мај - Ема Голдман, американска анархистка
- 21 август - Лав Троцки, руски комунистички водач и марксистички теоретичар.
- 29 октомври - Димитрија Чуповски, борец за македонска самобитност
- 9 ноември - Невил Чембрлен, британски премиер
- 21 декември - Френсис Скот Фицџералд, американски писател
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads