1955
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1955 (MCMLV) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1955 година од новата ера, 955. од вториот милениум, 55. од XX век и шеста од 1950-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7463 и 7464 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6705 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5715 и 5716 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2708.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1955 година се протега во 4591 и 4592, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4651 и 4652 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2498. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1374 и 1375 исламска година.
Remove ads
Настани
јануари
- 25 јануари – Президиумот на Врховниот совет на СССР издаде указ за окончување на воената состојба меѓу СССР и Германија.
- 28 јануари – Конгресот на САД го овластува претседателот Двајт Ајзенхауер да употреби сила за да го заштити Тајван од Народна Република Кина.
февруари
март
април
мај
- 9 мај – Западна Германија станува членка на НАТО.
- 14 мај – Осум комунистички земји на чело со СССР, го склучуваат Варшавскиот пакт.
јуни
јули
август
септември
- 6 септември – Во Истанбул е извршен погром против грчките жители на градот.
- 19 септември – Аргентинскиот претседател Хуан Перон е соборен преку воен удар.
октомври
ноември
декември
- 1 декември – Роза Паркс е уапсена поради нарушување на сегрегацијата. Тоа го означува почетокот на борбата за граѓански права на Афроамериканците.
- 14 декември – Бугарија станува членка на Обединетите Нации.
Remove ads
Родени
- 6 јануари - Роуан Аткинсон, британски глумец
- 18 јануари – Кевин Костнер, американски глумец
- 28 јануари – Николас Саркози, француски претседател
- 24 февруари – Ален Прост, француски автомобилист
- 19 март – Брус Вилис, американски глумец
- 21 јуни – Мишел Платини, француски фудбалер
- 31 август – Едвин Мозис, американски атлетичар
- 25 септември – Карл-Хајнц Румениге, германски фудбалер
- 28 октомври – Бил Гејтс, американски програмер
- 30 ноември – Били Ајдол, британски пејач
Починале
- 11 март – Александар Флеминг, шкотски биолог, Нобеловец
- 18 април – Алберт Ајнштајн, германски физичар, Нобеловец
- 23 јули – Кордел Хал, американски политичар, Нобеловец
- 12 август – Томас Ман, германски писател, Нобеловец
- 30 септември – Џејмс Дин, американски глумец
- 18 октомври – Хосе Ортега и Гасет, француски филозоф
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads