1956
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1956 (MCMLVI) — престапна година според општоприфатениот календар. Тоа била 1956 година од новата ера, 956. од вториот милениум, 56. од XX век и седма од 1950-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7464 и 7465 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6706 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5716 и 5717 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2709.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1956 година се протега во 4592 и 4593, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4652 и 4653 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2499. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1375 и 1376 исламска година.
Remove ads
Настани
- 1 јануари - Завршува Англо-египетскиот кондоминиум над Судан.
- 26 јануари - Отворени се Зимските олимписки игри во Кортина Д'ампецо, Италија.
- 23 февруари - Никита Хрушчов на XX конгрес на КПСС го осудува владеењето на Јосиф Сталин како „култ на личноста“.
- 2 март - Мароко прогласи независност од Франција.
- 17 март – Окружниот суд во Скопје го осудува Венко Марковски на пет години затвор и две години губење на граѓанските права.
- 20 март - Тунис добива независност од Франција.
- 23 март - Пакистан станува првата исламска република.
- 24 мај - Се одржува Првиот избор на Песна на Евровизија во Лугано, Швајцарија.
- 28 јуни - Задушени се работничките немири во Познањ, Полска.
- 26 јули - Гамал Насер го национализира Суецкиот Канал.
- 23 октомври - Започнува Унгарската револуција.
- 29 октомври - Започнува Суецката криза.
- 6 ноември - На претседателските избори во САД победува републиканецот Двајт Ајзенхауер.
- 14 ноември - Советските трупи ја задушуваат Унгарската револуција.
- 22 ноември - Отворени се Летните олимписки игри во Мелбурн, Австралија.
- 12 декември - Јапонија стана членка на ОН.
- 23 декември - Британските и француските трупи го напуштаат регионот на Суецкиот Канал.
Remove ads
Родени
- 3 јануари - Мел Гибсон, австралиски глумец и режисер.
- 21 март - Ингрид Кристијансен, норвешка атлетичарка.
- 7 мај - Јан Петер Балкененде, холандски премиер.
- 25 јуни - Борис Трајковски, македонски претседател
- 9 јули - Том Хенкс, американски глумец.
- 29 септември - Себастијан Коу, британски атлетичар.
- 18 октомври - Мартина Навратилова, американска тенисерка.
- 28 октомври - Махмуд Ахмединеџад, ирански претседател.
- 12 јули - Џордан Рудес, клавијатурист на американската прогресивна метал група Dream Theater.
Починале
- 14 август - Бертолт Брехт, германски драматург
- 29 септември - Анастасио Сомоза, никарагвански диктатор
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads