1958
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1958 (MCMLVIII) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1958 година од новата ера, 958. од вториот милениум, 58. од XX век и деветта од 1950-тите.
Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7466 и 7467 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6708 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5718 и 5719 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2711.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1958 година се протега во 4594 и 4595, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4654 и 4655 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2501. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1377 и 1378 исламска година.
Remove ads
Настани
јануари
- 13-15 јануари - Работниците во рудниците Трбовје и Храсник во Словенија организираат штрајк, кој е првиот штрајк кој е организиран во комунистичка Југославија.
- 31 јануари - САД го лансираа во орбитата околу Земјата, својот прв вештачки сателит „Експлорер 1“.
февруари
- 1 февруари - Египет и Сирија се обединуваат во Обединетата Арапска Република
март
април
мај
јуни
јули
август
септември
- 28 септември - Во Франција е усвоен Уставот на Петтата француска република
октомври
- 1 октомври - Тунис и Мароко се зачленуваат во Арапската Лига
- 2 октомври - Гвинеја прогласува независност од Франција
- 4 - 6 октомври - Во Охрид е одржан Вториот македонски црковно-народен собор, каде што е прифатен предлогот за обнова на Охридската Архиепископија, олицетворена во самостојната Македонска православна црква, а за нејзин прв епископ е избран г. Доситеј.
ноември
- 25 ноември - Француски Судан добива автономија како самоуправна членка на Францускиот комонвелт
- 28 ноември - Чад, Република Конго и Габон стануваат автономни републики во рамките на Францускиот комонвелт
декември
- 1 декември - Централноафриканската република станува независна од Франција
- 18 декември - САД го лансираше првиот комуникациски сателит во орбита околу Земјата, SCORE
- 21 декември - Шарл де Гол е избран за француски претседател
Remove ads
Родени
- 15 јануари - Борис Тадиќ, српски претседател
- 10 март - Шерон Стоун, американска глумица
- 29 април - Мишел Фајфер, американска глумица
- 7 јуни - Принс, американски музичар
- 16 август - Мадона, американска пејачка
- 29 август - Мајкл Џексон, американски пејач
- 30 август - Ана Политковскаја, руска новинарка
- 17 септември - Јанез Јанша, словенечки премиер
Починале
- 13 февруари - Кристабел Панкхурст, англиска суфражетка
- 16 јуни - Имре Наѓ, унгарски премиер
- 9 октомври - Пиј XII, римски папа
Поврзано
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads