1975
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1975 (MCMLXXV) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1975 година од новата ера, 975. од вториот милениум, 75. од XX век и шеста од 1970-тите.

Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7483 и 7484 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6725 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5735 и 5736 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2728.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1975 година се протега во 4611 и 4612, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4671 и 4672 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2518. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1394 и 1395 исламска година.
Remove ads
Настани
- 10 јануари - Пуштен е во сообраќај три километри долгиот тунел под реката Елба или Лаба, што ги спои автопатиштата од Средна Европа со оние во Данска и во Шведска.
Родени
- 25 јануари - Тим Монтгомери, американски атлетичар
- 22 февруари - Дру Баримур, американска глумица
- 15 март - Ева Лонгорија, американска глумица
- 8 мај - Енрике Иглесијас, американски пејач
- 4 јуни - Анџелина Џоли, американска глумица
- 7 јуни - Ален Ајверсон, американски кошаркар
- 7 август - Чарлиз Терон, јужноафриканска глумица
- 17 декември - Мила Јовович, американска глумица и модел
- 30 декември - Тајгер Вудс, американски голфер
Починале
- 29 октомври - Ристо Крле, македонски драмски писател
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads