1986
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1986 (MCMLXXXVI) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1986 година од новата ера, 986. од вториот милениум, 86. од XX век и седма од 1980-тите.

Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7494 и 7495 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6736 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5746 и 5747 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2739.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1986 година се протега во 4622 и 4623, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4682 и 4683 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2529. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1406 и 1407 исламска година.
Remove ads
Настани
јануари
- 1 јануари - Шпанија и Португалија се приклучуваат кон Европската Унија.
- 28 јануари - Две минути по полетувањето во вселената, американскиот вселенски брод „Челенџер“, експлодира над Кејп Канаверал и во парчиња се урна во водите на Атлантикот. Тоа беше најголемата несреќа што се случила во космичките летови во која загинаа сите седум членови на екипажот.
февруари
март
април
- 15 април - Операција Кањон Ел Дорадо - американски авиони ја бомбардираат Либија.
- 26 април - Катастрофа во атомската централа Чернобил, СССР. 57 луѓе загинале во несреќата, уште околу 9.000 илјади од директни последици на зрачењето, а 336.000 лица биле евакуирани и раселени од околината на Чернобил.
мај
јуни
јули
август
септември
октомври
ноември
декември
Remove ads
Родени
- 27 април - Елена Ристеска, македонска пејачка
- 3 јуни - Рафаел Надал, шпански тенисер
- 21 август - Усеин Болт, јамајски атлетичар
- 12 септември - Еми Росум, американски филмски глумец.
Починале
- 28 јануари - Улоф Палме, шведски политичар
- 14 април - Симон де Бовоар, француска писателка и филозоф
- 22 април - Мирча Елијаде, романски писател и филозоф
- 25 мај - Јордан Грабулоски, македонски вајар
- 14 јуни — Хорхе Луис Борхес, аргентински писател
- 15 јуни - г.г. Ангелариј, поглавар на Македонската православна црква
- 17 јули - Ристо Шишков, македонски глумец
- 8 ноември — Вјачеслав Молотов, советски политичар
- 18 ноември — Љупчо Арсов, македонски политичар, учесник во НОБ
- 29 ноември - Кери Грант, американски глумец
- 28 декември - Андреј Тарковски, руски режисер
Remove ads
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads