1994
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
1994 (MCMXCIV) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 1994 година од новата ера, 994. од вториот милениум, 94. од XX век и петта од 1990-тите.

Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7502 и 7503 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6744 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5754 и 5755 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2747.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 1994 година се протега во 4630 и 4631, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4690 и 4691 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2537. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1414 и 1415 исламска година. 1994 (MCMXCIV) е непрестапна година што започнала во сабота и е прогласена за „Меѓународна година на фамилијата“ и „Меѓународна година на спортот и олимпискиот идеал“.
Remove ads
Настани
јануари
- 1 јануари – Стапува на сила Северноамериканскиот договор за слободна трговија.
- 1 јануари – Запатистичката армија за национално ослободување ја започнува својата војна во Чијапас, Мексико.
- 10 јануари – Владата на Република Македонија донесе одлука за пристапување на Република Македонија кон Конвенцијата за меѓународен превоз со железница од 1980 година.
- 11 јануари – Република Финска и Република Македонија воспоставија дипломатски односи.
- 14 јануари – Фудбалскиот сојуз на Македонија стана придружен член на Европската фудбалска унија.
- 26 јануари – Во Рим, Република Македонија е примена за полноправен член на Меѓународната банка за финансирање на развојот на земјоделството (ИФАД).
- 31 јануари – Швајцарската Конфедерација и Принципатот Лихтенштајн воспоставија дипломатски односи со Република Македонија.
- 31 јануари – Во Скопје е формирано Друштво на македонско-турско пријателство и соработка.
февруари
- 5 февруари – Врз сараевскиот пазар Маркале е испалена граната при што загинаа 68 лица.
- 12 февруари – Отворени се Зимските олимписки игри во Лилехамер, Норвешка.
- 14 февруари - Народна банка на Република Македонија започна да издава краткорочни хартии од вредност - благајнички записи.
- 16 февруари - Грција воведува целосна економска блокада врз Република Македонија.
- 28 февруари - Авиони на НАТО соборија 4 авиони на босанските Срби над централна Босна, заради навлегување во зоната на забрането летање, со што за првпат директно се вмешаа во Босанската војна.
март
- 6 март – На референдум во Молдавија гласачите го отфрлија евентуалното обединување со Романија.
- 15 март – Американските трупи се повлекоа од Сомалија.
- 18 март – Во Вашингтон е потпишан договор за воспоставување муслиманско-хрватска федерација во Босна и Херцеговина.
- 21 март - Владата на Република Македонија донесе одлука за пристапување на Република Македонија кон постојаниот комитет за информирање за индустриска сопственост на Светската организација за интелектуална сопственост.
април
- 6 април – Руандскиот претседател Жувенал Хабјаримана и бурундскиот претседател Сиприен Нтарјамира загинуваат по соборувањето на нивниот авион близу Кигали, Руанда. Овој напад го поттикна Руандскиот геноцид.
- 16 април – Гласачите во Финска на референдум го поддржаа зачленувањето на Финска во Европската Унија.
- 27 април – Во Јужноафриканската Република се одржаа првите повеќерасни избори.
мај
- 1 мај - Во трката за Големата награда на Сан Марино, загина Ајртон Сена, еден од најголемите автомобилисти на сите времиња.
- 10 мај – Нелсон Мандела е инаугуриран како прв црнечки претседател на Јужноафриканската Република.
- 12 мај - Со руско посредство, склучено е примирје со што е прекината ерменско - азербејџанската војна во Нагорно-Карабах.
- 17 мај - Во Малави се одржуваат првите повеќепартиски избори.
јуни
јули
август
септември
октомври
- 16 октомври - Се одржува првиот круг на Претседателските и Парламентарните избори во Република Македонија. Киро Глигоров е повторно избран за Претседател на Република Македонија, со освоени 52,4% од гласовите. ВМРО ДПМНЕ не ги прифати резултатите од изборите.
- 20 октомври - Амбасадорот на Република Македонија во Руската федерација, Гане Тодоровски, му ги предаде акредитивите на претседателот Борис Елцин.
- 30 октомври - Се одржува вториот круг на Парламентарните избори во Република Македонија. Коалицијата Сојуз за Македонија, предводена од СДСМ, оствари уверлива победа. ВМРО ДПМНЕ не ги прифати резултатите од изборите и се откажа од учество во работата на Парламентот.
ноември
- 13 ноември - Гласачите во Шведска на референдум го поддржаа зачленувањето на Шведска во Европската Унија.
- 15 ноември - Објавени официјалните резултати од пописот, кои покажаа дека во Република Македонија има 1.936.877 жители.
- 28 ноември - Гласачите во Норвешка на референдум го отфрлаат зачленувањето на нивната земја во Европската Унија.
- 30 ноември - Познатиот Западен Хип Хоп рапер Тупак е пукан истепан и ограбен од страна на Биггие познат рапер од источниот брег.
декември
- 11 декември – Руските трупи навлегуваат во Чеченија со што започнува Првата чеченска војна.
Remove ads
Родени
- 1 март - Џастин Бибер - американски поп пејач
Починале
- 9 март - Чарлс Буковски, американски поет и писател
- 28 март – Ежен Јонеско, француски и романски писател
- околу 5 април – Курт Кобејн, американски музичар
- 22 април – Ричард Никсон, американски претседател
- 1 мај – Ајртон Сена, бразилски автомобилист
- 24 мај - Цветко Узуновски, македонски комунист, учесник во НОВ
- 29 мај – Ерих Хонекер, источно-германски водач
- 8 јули – Ким Ил Сунг, северно-корејски диктатор
- 17 септември – Карл Попер, австриски и британски филозоф
- 20 октомври – Берт Ланкастер, американски глумец
Remove ads
Поврзано
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads