2014
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
2014 (MMXIV) — година според грегоријанскиот календар. Таа била 2014 година од новата ера, 14. од третиот милениум, 14. од XXI век и петта од 2010-тите.
Remove ads
Други календари
Годината е броена од страна на различни народи, па се среќава во бројни други календари. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 7522 и 7523 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 6764 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 5774 и 5775 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 2767.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 2014 година се протега во 4650 и 4651, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 4710 и 4711 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 2557. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 1435 и 1436 исламска година.
Remove ads
2014 како тема во уметноста и во популарната култура
- „Среќна нова 2014“ - кус расказ на македонскиот писател Драган Георгиевски од 2013 година.[1]
Настани
- ...
Личности
- ...
Откритија
- ...
Македонија
Поврзано
![]() |
„2014“ на Ризницата ? |
- 2014 година во архитектурата
- 2014 година во книжевноста
- 2014 година во музиката
- 2014 година во спортот
- 2014 година во филмот
- 2014 година во филозофијата
- 2014 година во шахот
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads