52 Европа

астероид From Wikipedia, the free encyclopedia

52 Европа
Remove ads

Европа (ознака за мала планета: 52 Европа) — 6-ти по големина астероид во Астероидниот појас, со пречник од над 300 км, иако не е соодветно масивен. Не е тркалезен, туку е обликуван како елипсоид со приближно 380×330×250 км.[4] Откриен е на 4 февруари 1858 година од Херман Голдшмит од неговиот балкон во Париз. Името е според Европа, која била граната од страна на Зевс во грчката митологија, име што го дели со месечината на Јупитер, Европа.

Кратки факти Откривање, Откривач ...
Remove ads

Физички одлики

Thumb
3D модел на Европа

Европа е приближно шестиот по големина астероид по волумен. Најверојатно има густина од околу 1,5 g/cm³, типична за астероидите од типот C.[4] Во 2007 година, Џејмс Баер и Стивен Р. Чесли процениле дека Европа има маса од 1,9 ± 0,4 килограми.[7] Поновата проценка на Баер сугерира дека има маса од 3,27 ×1019 kg.[8]

Европа е многу темен јаглероден астероид од C-тип и е втор по големина од оваа група. Спектроскопските студии пронашле докази за оливини и пироксени на површината, и има одредени индикации дека може да има разлики во составот помеѓу различни региони [9] Тој орбитира блиску до семејството на астероиди Хигија, но Европа не е член.

Податоците од светлинската крива за Европа биле особено незгодни за толкување, толку многу што долго време нејзиниот вртежен период бил спорен (од 5 и пол часа до 11 часа), и покрај бројните набљудувања. Денес е утврдено дека Европа е програден ротатор, но точната насока на точките на нејзините полови останува нејасна. Најдеталната анализа покажува наклон или кон околу еклиптичките координати (β, λ) = (70°, 55°) или (40°, 255°) со неизвесност од 10°. Ова дава осен наклон од околу 14° или 54°, соодветно.

Во 1988 година било извршено пребарување за сателити или прашина што кружи околу овој астероид со помош на телескопот UH88 во опсерваторијата Мауна Кеја, но напорите се дале резултат.[10]

Remove ads

Набљудувања

Откриено е дека познатата катаклизмична променлива ѕвезда CV Aquarii, откриена во 1934 година, всушност била погрешна идентификација на 52 Европа.[11]

Thumb
Анимирање на орбитата на 52 Европа 2000-2020
  Сонце  Земја ·   Марс ·   Јупитер ·   52 Европа

Наводи

Библиографија

Надворешни врски

Loading related searches...

Wikiwand - on

Seamless Wikipedia browsing. On steroids.

Remove ads