789
година From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
789 (DCCLXXXIX) — година според општоприфатениот календар. Тоа била 789 година од новата ера, 789. од првиот милениум, 89. од VIII век и последна од 780-тите. Оваа година била определена како 789 уште од почетокот на средновековниот период, кога календарската ера Anno Domini стана најраспространетиот метод во Европа за определување на годините.

Remove ads
Други календари
Истата година се среќава поинаку во календарите на различни народи и култури. Меѓу попознатите се вбројуваат: византискиот, асирскиот, еврејскиот, римскиот, кинескиот, будистичкиот и исламскиот.
Така, во византискиот календар, којшто времето го мери од создавањето на светот според Библијата, на 1 септември 5509 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар, истата трае во текот на 6297 и 6298 година. Според асирскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува од 4750 г. п.н.е, кога се проценува дека бил изграден првиот храм во граот Асур, станува збор за 5539 година. Понатаму, во еврејскиот календар, којшто започнува на 1 септември 3760 г. п.н.е. според продолжениот јулијански календар или околу една година пред создавањето на светот според Евреите, годината се протега во текот на 4549 и 4550 еврејска година. Според календарот на Римјаните, којшто започнува од 753 г. п.н.е., кога браќата Ромул и Рем го основале градот Рим (познато и како Ab urbe condita), годината е избројана како 1542.
Во рамките на кинескиот календар, пак, постојат две поделени мислења за почетокот на броењето на годините: едни сметаат дека тоа е 61 година од владеењето на легендарниот Жолт цар или 2637 г. п.н.е.; додека други сметаат дека за почеток треба да се земе годината кога Жолтиот цар станал владетел, т.е. 2697 г. п.н.е. На тој начин, според првото гледиште, 789 година се протега во 3425 и 3426, додека според второто гледиште, годината трае во текот на 3485 и 3486 кинеска година. Будистичкиот календар започнува да го мери времето од 543 г. п.н.е., година во којашто се смета дека Буда достигнал состојба на нирвана, и годината ја брои како 1332. Според исламскиот календар, во којшто мерењето на времето започнува со 622 година, т.е. годината на пребегнувањето на пророкот Мухамед од Мека во Медина (позната и како хиџра), годината се протега во текот на 172 и 173 исламска година.
Remove ads
Настани
Според место
Европа
- Кралот Карло Велики ја преминува реката Елба со франко-саксонската армија во ободритска територија. Тој ги покорува Велетите и стигнува до Балтичкиот регион.
- Кралот Пипин ја освојува Истра, игнорирајќи ги византиските протести. Тој воспоставува трибутарна марка и испраќа мисионери.
- Карло Велики го донесува Admonitio generalis, кој се однесува на образовни и црковни реформи во рамките на Франкското царство.[1]
- Карло Велики го основа градот Херфорд (денешна Германија), со цел да се го заштити газалиштето на реката Вере.
Британија
- Кралот Беортрик од Весекс се оженува за принцезата Едбурха, ќерка на кралот Офа Мерсиски и го прифаќа мерсиското владеење.
- Константин I, е инсталиран како кралот на Пиктите. Тој станува еден од најголемите шкотски монарси во викиншкиот период.
- Англосаксонската хроника го евидентира првиот напад на Викинзите во Англија (види 787).
Исламски калифат
- Ал-Кајзуран, вдовицата на поранешниот абасидски калиф Ал-Махди, почина, оставајќи голем дел од делотворната моќ во рацете на Харун ал-Рашид.
- Идрис I достигнува до Волубилис и ја основа Идрисидската династија, одвојувајќи го Мароко од абасидскиот калифат и основајќи ја првата мароковска држава.
Азија
- Востание во Јапонија води кон голем пораз за императорот Канму, како и тешка суша и глад; улиците на главниот град Нагаока-кјо се препловени со болни.
Remove ads
Родени
Починати
- 20 февруари – Лав Катански, светец и епископ на Катанија (б. 709)
- 8 ноември – Вилехад, бискуп на Бремен
- Ал-Кајзуран, сопруга и советник на Ал-Махди, де факто ко-владетел на Абасидскиот калифат
- Фиахна мак Аедо Ројн, крал на Улад (Ирска)
- Хилдепранд, војвода на Сполето
- Маурегато, крал на Астурија (или 788)
- Торсон, франачки гроф на Тулуза (или 790)
Наводи
Надворешни врски
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads
