Акантоди
From Wikipedia, the free encyclopedia
Remove ads
Акантодите или понекогаш не сосема правилно нарекувани бодликави ајкули (Acanthodii) образуваат класа на изумрени риби кои имале особини како на `рскавични, така и на коскени риби. Во суштина, телото им било ајкуловидно, но нивниот епидермис бил препокриен со ситни ромбоидни плочички, слично како кај холостеите[1]. Тие би можеле да бидат независна филогенетска гранка на риби кои еволуирале од помалку специјализираните форми блиски до денешните `рскавични риби.
Remove ads
Особини
Акантодите имале `рскавичен скелет, но нивните перки имале широка, коскена основа и биле засилени од нивната предна маргина со дентинска боцка.
Најраните акантоди биле морски форми, но за време на девонот се појавиле и доминирале слатководни видови. Тие се разликуваат во два погледи: тие биле најраните `рбетници со вилица и имале дебели боцки кои ги потпирале нивните перки, правејќи ги неподвижни (како ајкуловата грбна перка).
Remove ads
Наводи
Wikiwand - on
Seamless Wikipedia browsing. On steroids.
Remove ads